за

MAN со близу 100.000 продадени камиони лани

MAN продажба камиони

Производителите на автомобили со нетрпение чекаат да ги објават рекордните продажби, но бизнисот врви одлично и за камионските марки. MAN забележа раст од 14% во бројот на продадени возила лани

Повторно бројки што го поматуваат умот, овојпат од светот на стопанските возила. Групацијата MAN лани регистрирала нарачки во висина од 13,9 милијарди евра или за 12% повеќе отколку во претходната година, додека прометот пораснал за 9% на 12,1 милијарди евра.

Европскиот пазар продолжува со растот во продажбата на камиони. Најзначајни пазари се Германија, Франција, Полска и Италија, кадешто соодветно пораснала и продажбата, со исклучок на Велика Британија, каде има мал пад. Од земјите надвор од ЕУ, пазарот најмногу ослабнал во Турција, додека рускиот пазар бележи незначително зголемување.

Продажбата на товарни возила е своевиден показател за економската состојба

Бројот на продадени камиони е зголемен за 14 проценти, на 95.354 возила. Вклучена е продажбата на 7.871 примероци од MAN TGE, транспортерот кој во основата е Volkswagen Crafter. Кај автобусите има реализирано зголемување од 14 проценти, со 7.205 продадени автобуси од марките MAN и Neoplan.

Големата подружница на MAN во Јужна Америка лани ја зајакна лидерската позиција во Бразил, особено откако владата инвестираше во обновување на училишните автобуси.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Оперативниот промет на групацијата MAN изнесува 332 милиони евра, што е благо намалување во споредба со претходната година. Германскиот гигант меѓу стопанските возила е дел од концернот Volkswagen. Лани беше формирана групацијата Traton, како наследник на Volkswagen Truck & Bus, во којашто спаѓаат MAN Truck & Bus, Scania и MAN Latin America. Моторите, менувачите, оските и издувните системи се заеднички, секоја марка презема мали преправки на истите.

Снегот сам се трга од патот покрај изгледот на овој камион

Камионите по 1-ви јануари со сертификат за потрошувачка

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla 12T test automedia

Тест: Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive

bugatti jacob casovnici nakit

Bugatti меѓу луксузните часовници: Соработка со Jacob & Co