за

Макпетрол: „Кој стравуваше од слободното формирање на цените?“

макпетрол пумпа за точење гориво
макпетрол пумпа за точење гориво

Додека цените на горивата се формираа слободно, трговците скусуваа од сопствената заработка при заокружување на цените. Откако Регулаторите повторно ги одредуваат цените, цените се заокружуваат во корист на буџетот. Доколку се задржеше претходното правило, цените на горивата во следната недела ќе беа пониски за уште половина денар.

Според пресметките на Макпетрол, за наредната недела компанијата очекуваше цените да бидат пониски за половина денар кај сите деривати од оние што се објавија во Одлуката на Регулаторната комисија. Од водечкиот македонски дистрибутер на горива посочуваат дека разликата не произлегува од движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период, туку е резултат од начинот на заокружување на цените на дериватите, според новата одлука и правилник на Регулаторната.

Тоа што не е видливо кога возачите ќе запрат пред пумпа за гориво, го откриваат од Макпетрол: „Во услови кога слободно беа формирани цените, ова заокружување како во позитивна, така и во негативна насока се случуваше кај трговската маржа. Но, во случај кога повторно РКЕ ја формира и одредува цената на нафтените деривати, заокружувањето повторно се пресметува и се додава кај акцизата, но само во позитивен правец.

Компанијата посочува на суштинското прашање: „Кој стравуваше од механизмот на слободно формирање на цени? Кој и зошто ја наметнуваше тезата во јавноста дека цените во услови на слободно формирање ќе дивеат? Нам како трговци, одговорот ни е јасен. Во овој случај, очигледно РКЕ по налог или во соработка со Министерството за финансии, не сака да се откаже од дополнителни зафаќања кај акцизата, за сметка и во корист на потрошувачите и компаниите во земјава.

Макпетрол ја отвори обновената станица за гориво во Куманово

Новите цени на Макпетрол пониски од „регулаторните“

Нова наградна игра на Макпетрол: Се игра за Honda HR-V

Макпетрол додели Хонда Сивик за најсреќниот корисник на Верна

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston-Martin-DBS-Superleggera-Majesty

Филмски Aston Martin DBS за тристотини илјади и „007“ фунти

Skoda Superb iV

Skoda Superb iV е хибрид што кај нас може да биде ослободен од 10% акциза