Макпетрол во продажно-сервисниот салон на Honda ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со Верна полни и секогаш добиј“.
На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници. Макпетрол во изминатите неколку години е во постојан инвестициски циклус за подобрување и осовременување на постојните и изградба на нови бензински станици.
Мишко Тасевски, раководител на маркетинг: „Оваа наградна игра нам ни е особено важна, затоа што имавме можност да ја креираме за нашите верни потрошувачи кои преку користење на нашите горива и услуги веќе се, или ќе бидат добитници на вредни награди. Можеме слободно да кажеме дека ова е една од најголемите наградни игри во Македонија. Исто така, нашата Верна програма за лојалност е една од најпопуларните програми од таков вид во земјата. Веќе имаме 175.000 членови на Верна програмата и таа бројка од ден на ден постојано се зголемува. Оваа бројка за нас како компанија е најголемо признание за напорната работа и континуираното ангажирање во насока на достигнување што поголем број задоволни корисници.“
До крајот на тековната сезона на „Со Верна полни и секогаш добиј“ остануваат уште 3 редовни и 1 мастер коло
Од компанијата ги охрабруваат верните потрошувачи да продолжат да искажуваат доверба, затоа што ќе имаат можност да освојат вредни награди во наредните 3 редовни и 1 мастер коло, како и во финалното мастер коло, кои претстојат до крајот на оваа година. Сите лојални корисници што имаат впишано најмалку 10 поени на својата Верна картичка за лојалност, се потенцијални добитници на широката палета награди. За оние кои сеуште не го исполниле условот за учество во наградната игра, не е доцна, бидејќи ќе следуваат уште извлекувања и уште многу награди.
Денеска, во рамките на шестото редовно коло беа доделени лап-топ Dell, а како главна награда од третото мастер коло беше доделен четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.
Љупчо Георгиевски, директор на дирекцијата за малопродажба истакна дека Макпетрол е лидер на македонскиот пазар повеќе од седум децении, a Компанијата немаше да биде тоа што е денес без довербата од своите верни потрошувачи.
„Во текот на целото свое постоење Макпетрол се стреми кон постојан напредок и воведување новитети во своето работење, знаејќи при тоа дека својот деловен успех го должи на довербата и лојалноста на клиентите и на пошироката заедница во која секојдневно активно дејствува,“ изјави Георгиевски.
Во Макпетрол ценат дека корисниците ги избираат не само поради широката мрежа од 126 станици, туку првенствено поради квалитетот и услугите
Со 126 бензински станици распоредени во сите поголеми населени места во земјата, Макпетрол е компанија која е најблиску до своите потрошувачи. Во компанијата ценат дека тие се прв избор не само поради обемната дистрибутивна мрежа, туку секако и поради врвниот квалитет и услуги што ги нудат во сите сегменти од своето работење.
„Макпетрол оди секогаш чекор пред другите, па така и овој пат преку наградната игра ‘Со Верна полни и секогаш добиј’ нашите најсреќни потрошувачи ќе ги добијат овие вредни награди. Досегашната прифатеност на Верна програмата за лојалност несомнено говори за задоволството на нашите потрошувачи. Тоа истовремено претставува дополнителна обврска за нас, односно мотив безрезервно да продолжиме да ги следиме и применуваме современите европски стандарди во нашата дејност, со цел да понудиме врвни производи и услуги на нашите бензински станици и воопшто во нашето работење.
„Денес е последното доделување на награди за оваа година и ја користам оваа прилика да најавам дека во наредната 2019 година ќе продолжиме со нова наградна игра која што ќе биде уште поинтересна за нашите потрошувачи“, најави Георгиевски.
Од компанијата додадоа дека во шестото редовно коло учествуваа 198.000, а во третото мастер коло речиси 400.000 квалификувани трансакции, но од сите нив само двајца беа среќни добитници на овие вредни награди.
Ненад Миклош, со број на трансакција 395598 е среќниот добитник на лап-топ Dell, а најсреќниот ова коло беше Томе Николовски, со број на трансакција 284586, кој е добитник на прекрасниот четирицикл ATV Honda TRX 500 FM.