154
24 shares, 154 points

Тоа што Макпетрол ги менува генераците горива исто како што производителите на автомобили ги менуваат своите модели, има голема меѓусебна поврзаност. Горивата мораат да ги следат новите технологии во возилата. Придобивки од новите дизел горива ќе имаат и возачите на постари автомобили. По традиција, најмногу ќе се радуваат шпедициите со големи возни паркови

Во управата на Макпетрол веројатно ќе имаат причина за задоволство од тоа што повеќето возачи ќе реагираат зачудено за новата генерација дизел горива на станиците на компанијата. Зачуденоста е само визуелна манифестација на коментарот што би следел веднаш потоа, во смисла: На овие горива и досега ништо не им недостигаше.

Но, додека главнината од активностите што се поврзани со автомобилската сфера (и не само со неа) во Македонија стагнираат, Макпетрол со овој чин како да пушта една мала, но ефективна иницијална каписла за будење на јавната свест, дека светот е во постојано движење, па и ние треба да се движиме со него.

Оваа мала доза на воведен револт би морало да нé потсети дека сцената не треба да се препушти на комоцијата на непреземање ништо, до моментот кога промените ќе станат неизбежни. Најкусо: Промените треба да постојат заради самите промени.

Од денес, на станиците за гориво на Макпетрол низ Македонија се точат два вида дизел горива од новата генерација. Ultra Diesel Green Power доаѓа како наследник на Ultra Diesel Power Jet, додека Ultra Diesel Bio Power пристига на местото на Ultra Diesel Bio Jet. Првото гориво е „стандардниот“ дизел што отсега ќе се точи на станиците на Макпетрол, додека второто гориво дополнително содржи 6% чист биодизел.

Makpetrol ultra dizel green 2
Од денешната презентација на новите дизел горива на Макпетрол во комплексот Белви: (од лево на десно) Мишко Тасевски, директор за маркетинг, Горан Ангеловски, директор за стандардизација, квалитет и екологија и Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба

Во вообичаениот манир, претставувањето на новите горива на македонскиот пазар започна од лабораторискиот центар на Макпетрол во скопски Илинден, којшто е своевиден гарант за квалитетот на горивата и единствена е од таков вид во Македонија. За време на посетата беа во тек само неколку испитувања на горива, додека во вообичаената дневна динамика активно се работи на дваесетината работни позиции. Тука меѓу другото се врши и редовното тестирање на керозинот којшто се испорачува за двата македонски аеродроми. Оваа лабораторија може да се води како стратешки важен објект за мобилниоста во Македонија.

Тоа што го нуди новата генерација дизел горива од семејството Ultra е натамошно напредување во трите главни параметри: Зголемена моќност, намалена потрошувачка на гориво, повќе корист за животната средина. Тоа се заштитните белези на семејството горива Ultra на Макпетрол веќе неколку генерации наназад.

Директорот на дирекцијата за малопродажба, Љупчо Георгиевски, ги претстави новите премиум горива Макпетрол: „Ultra Diesel Green Power е надградба на досегашното гориво Ultra Diesel Power Jet. Како и досега, тоа е кристално чист еуродизел, добиен преку процес на филтрирање на дизел торивото преку филтри што се користат за филтрирање на авиогоривата, во комбинација со нови, најсовремени адитиви.“

Цетанскиот број, како основен параметар кај дизелот, значително е зголемен со новите адитиви. Возачите знаат дека тоа значи поефикасно согорување, односно повеќе моќност и намалена потрошувачка на гориво, а со тоа и намалено оптоварување на животната средина.

Како што посочи Горан Ангеловски, директор на дирекција за стандардизација, квалитет и екологија во Макпетрол, ефикасноста на новите дизели е докажана во реални услови на возење. Потрошувачката на гориво во зависност од условите се намалува за еден до два проценти, а значајно намалување има во емисијата на азотни оксиди и во масата на наночестичките. Возачите повеќе ќе уживаат во возењето, вклучувајќи ги факторите економичност и заштита на моторот од дефекти при долготрајна експлоатација, а корист има и животната средина.

Ultra Diesel Green Power и Ultra Diesel Bio Power се сертифицирани за сите видови дизел мотори, што значи мотори со индиректно и директно впрскување на горивото и мотори со впрскување под висок притисок. Макпетрол моментно е единствена компанија којашто нуди горива со ваков квалитет на македонскиот пазар.

На презентациите на компанијата секогаш има нешто ново да се слушне, па и овојпат немаше исклучок. Присутните експерти посочија на примерите со македонските возачи на камиони коишто вршат меѓународна шпедиција и се меѓу ретките на коишто не им замрзнало горивото во резервоарот при транспортите низ Европа во минатава зима. Шпедициите со големи возни паркови ќе имаат и најмногу придобивки од новите дизел горива на Макпетрол, затоа што дури и еден процент заштеда во потрошувачката значи многу на ниво на цел возен парк.

За следниот период се најавува продолжување со циклусот на инвестиции, по неодамнешното отворање на новите станици во Скопје и Тетово, како и надградувањето на станицата во Гевгелија, пред граничниот премин со Грција.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
24 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743