за

Макпетрол ја отвори обновената станица за гориво во Куманово

Макпетрол бензинска станица Куманово
Макпетрол бензинска станица Куманово

Станицата за гориво на влезот на Куманово е следна во низата што го усвојува „Макпетрол-стандардот“. Тоа значи дека потрошувачите наидуваат на позната средина и можат да очекуваат високо ниво во секое подрачје од работата на станиците за гориво на компанијата.

Станицата за гориво на Макпетрол на делницата од автопатот покрај Куманово отсега нуди уште неколку причини за починка и полнење на сите резерви за пат, за сите намерници во правец на границата со Србија. Водечкиот македонски дистрибутер на горива денес ја пушти во употреба обновената станица веднаш покрај влезот во Куманово, со препознатливиот заеднички изглед на Макпетрол, но многу позначајно, со повторно подигнат квалитет на услуги и со комплетирана содржина.

Во исто време можат да точат гориво 14 автомобили, вкупно 50 „пиштоли“ за точење

Со сменета организација на просторот и архитектонска умешност, сите нови содржини се вклопени при непроменети габарити на објектот. Тоа што ние го нарекуваме „Макпетрол-стандард“ се забележува буквално во сите подрачја, почнувајќи од лесниот и прегледен пристап во самата станица, преку масовниот број на „пиштоли“ за точење, како основен предуслов за избегнување застој, до просторниот пулт за плаќање на услугите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Можно е дека тоа веќе било дел од некој рекламен слоган на Макпетрол во сиве години досега, но човек тука навистина се чувствува како кај пријатели. Како посебност на кумановската станица, покрај тоа што има една од стратешки најважните положби, заедно со станицата во Гевгелија, е јасно издвоениот дел за точење метан. Како што посочи Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба во Макпетрол, метанот наскоро ќе стане достапен и во подрачјето на Битола, и генерално ќе се работи на пообемна застапеност на овој вид гориво, што повторно добива на масовност во пошироки европски рамки.

Кумановската станица е една од четирите на коишто е достапен метанот, наскоро следат и дополнителни станици

Во повеќе пригоди досега, високи претставници од компанијата најавуваат дека компримираниот природен гас (CNG) или кусо метанот, во следниот период ќе доживее пробив на пазарот, како што пред повеќе од деценија и пол доживеа автогасот. Станицата во исто време може да опслужува 14 возила, со вкупно 50 „пиштоли“ за точење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во рамките на обновената станица за гориво во Куманово функционира и современ мини ресторан, со подрачје со Wi-Fi, како и просторно паркиралиште и богато опремен супермаркет. Интересна најава за нова функционалност е фотоволтаичкиот систем што ќе се постави на станицата во Гевгелија. Струјата што ќе ја произведуваат соларните панели привично ќе се користи за покривање на енергетските потреби на самиот објект, што најавува уште едно подрачје, во коешто Макпетрол ги следи европските и светски трендови во заштитата и одржливоста на животната средина.

Со неопходните законски измени, на станиците на Макпетрол ќе се појават и полначи за струја, уште сега постојат планови за мрежа од дваесетина станици со полначи

Во некоја блиска иднина, може да се очекува и развој на мрежа од дваесетина станици со брзи полначи за струја, на коишто електричните автомобили обично постигнуваат 80-процентна наполнетост за времетраење од 15 минути.

Секако дека сите овие иницијативи на водечкиот дистрибутер на горива не се наметнати толку од конкурентската ситуација на пазарот, колку од самата корпоративна филозофија на Макпетрол. Потрошувачите на тоа возвраќаат со верност, со растечки одѕив на наградните игри чијшто фонд веќе надминува сто илјади евра, или кусо, со доверба. Тука одамна пристигнала Европа.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Нова наградна игра на Макпетрол: Се игра за Honda HR-V

Макпетрол додели Хонда Сивик за најсреќниот корисник на Верна

Макпетрол со обновена станица во Гевгелија и најава за нов дизел

Четири пумпи имаме, фали уште Skoda Citigo на метан

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche, трите милиони пчели и турбо-медот

volvo freedom to move makedonija

Volvo со премиери и тест-возења во Скопје, од вторник пред Сити Мол