за

Макпетрол со обновена станица во Гевгелија и најава за нов дизел

макпетрол гевгелија богородица нова станица

Обновената станица за гориво во близина на граничниот премин Богородица е новиот чекор во реализацијата на инвестицискиот циклус на Макпетрол. Во присуство на високи претставици од водечката компанија во трговијата со нафтени деривати во Македонија, станицата официјално стартуваше со работа денес во 13 часот.

Макпетрол масивно инвестираше во оваа станица којашто се вбројува меѓу клучните бензински станици по целата должина на коридорот 10. Оттука е сосем јасно зошто токму од оваа станица започнува примената на новиот архитектонски дизајн, што ќе се користи кај сите нови станици во иднина. Мишко Тасевски, раководител за маркетинг во Макпетрол, ги објаснува промените што се воведуваат постојано: „Кога порано се проектираше бензинска станица, главниот фокус беше на самата бензинската пумпа, додека помал дел од фокусот се насочуваше кон дополнителни услуги. Но, во последните години концептот е сосема променет.

„Станиците за гориво станаа мултикомплексни услужни објекти“

Денес многу повеќе внимание се посветува на дополнителните содржини на станиците за гориво. Тасевски: „Тие станаа мултикомплексни услужни објекти каде оние што патуваат можат да добијат целосна услуга. За овој концепт најдобар доказ е и оваа бензинска станица.

Кога порано се проектираше бензинска станица, главниот фокус беше на самата бензинската пумпа, додека помал дел од фокусот се насочуваше кон дополнителни услуги. Но, во последните години концептот е сосема променет Мишко Тасевски, раководител за маркетинг во Макпетрол

 

По оваа делница во текот на летната сезона се очекува да поминат околу 750.000 возила. Станицата за гориво на Богородица ќе работи во четири смени, со по 8 вработени во секоја смена. Целта е оваа локација на Макпетрол да стане редовна попатна станица за одмор и релаксација на секое патување долж коридорот.

Преку современите апарати за точење гориво на оваа бензинска станица можат да се услужат едновремено до 10 моторни возила. При реконструкцијата се водело грижа и за товарните возила, за што се вградени пумпни автомати со проток на гориво до 120 литри во минута. Тоа значително го скусува времето за полнење на резервоарите на товарните возила.

Станицата на Макпетрол покрај јужната граница зафаќа површина од 8.000 метри квадратни

Бензинската станица зафаќа површина од 8.000 м2, платформата е под настрешница од 980 м2, а самиот продажен објект има површина од 900 м2. Станицата нуди особено високи стандарди, почнувајќи од соба за повивање бебиња, пристап и санитарен јазол за инвалидизирани лица, бесплатен Wi-Fi, како и паркинг за лесни и товарни возила. Се подготвува и катче за најмладите.

Испитувањата покажаа дека новото дизел гориво ќе овозможи поголема моќност и подобра заштита на моторот. Истовремено тоа ќе овозможи и намалување на потрошувачката на гориво и, што е особено важно, намалена емисија на штетни гасови Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба

 

Љупчо Георгиевски, директорот на дирекција за малопродажба го најави и новото дизел гориво коешто наскоро ќе се најде на станиците на Макпетрол: „Се работи за ново дизел гориво дизајнирано со најсовремени адитиви. Испитувањата покажаа дека ова дизел гориво ќе овозможи поголема моќност и подобра заштита на моторот. Истовремено тоа ќе овозможи и намалување на потрошувачката на гориво и, што е особено важно, намалена емисија на штетни гасови.

Макпетрол продолжува да инвестира во постоечките и во нови капацитети, коишто се дел од зацртаниот инвестициски циклус.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Макпетрол Богородица станица6

Мишко Тасевски, раководител за маркетинг во Макпетрол

[/tie_slide]

[tie_slide]

Макпетрол Богородица станица1

Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба

[/tie_slide]

[tie_slide]

Макпетрол Богородица станица5

Отворањето беше одбележано со присуство на високи претставници од компанијата

[/tie_slide]

[tie_slide]

Макпетрол Богородица станица4

По осум вработени во четири смени ќе се грижат за брзо услужување на клиентите

[/tie_slide]

[tie_slide]

Макпетрол Богородица станица3

Од станицата во близина на преминот Богородица започнува примената на новиот архитектонски стил

[/tie_slide]

[tie_slide]

Макпетрол Богородица станица2

Санитарните јазли обезбедуваат чисти услови

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Нова наградна игра на Макпетрол: Верна повторно наградува

Макпетрол отвори нова станица за горива во скопска Пинтија

Макпетрол се залага за метанот како ново алтернативно гориво во Македонија

Макпетрол воведува автоматско препознавање возила „Ултраматик“

Макпетрол отвора четврта станица за полнење метан во возилата

Макпетрол воведе ново дизел гориво со биокомпонента Ултра Дизел Био Џет

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lamborghini espada s1 oneoff roof monaco

Во Монако се наддава за олдтајмери вредни 20 милиони евра

BMW M5 Competition

BMW M5 со плус 25 КС и уште поагресивно подвозје