за

Макпетрол реагира за злоупотребата на „лож-маслото“ и бара изедначување на акцизите

Макпетрол
Макпетрол

Разликата во цената меѓу дизел моторното гориво и екстра лесното масло со години наназад дозволува злоупотреба, но и наштетување на државниот буџет, од што трпат населението и економијата. Макпетрол бара изедначување на акцизата за овие две горива и воедно искажува критика за непостапувањето од страна на државата.

Во анализата на Министерството за финансии се констатирани злоупотребите што со години се прават со екстра лесното гориво. Големата разлика меѓу малопродажната цена на дизелот и екстра лесното масло мотивира одделни субјекти да го продаваат последново спротивно на постојните закони, односно да го користат како погонско гориво. Во денешното соопштение од Макпетрол се посочува поконкретно на проблемот – Државата и натаму никако да собере храброст и да преземе конкретни мерки, туку само предлага сет од три мерки.

Ако се има предвид дека вонредната состојба е завршена и дека Собранието е распуштено, поради што во овој момент не може да се вршат законски измени, јасно е дека некој смислено го одолговлекува решението на овој дологодишен проблем“, пишуваат од компанијата. Ваквата анализа, без да се реагира со носење мерки, разочарува дополнително и уште еднаш „го потврдува сомнежот дека некои луѓе од државните институции одработуваат за оние кои вршат злоупотреби со екстра лесното гориво“.

Државата е задолжува, а не ги наплаќа даноците што ѝ следуваат

Државата, од една страна, се задолжува со цел да обезбеди дополнителни средства во буџетот за справување со економската криза, а од друга страна не покажува интерес и решителност, преку регулација на пазарот, да ги наплати даноците што ѝ следуваат. За конкретниот проблем покажаа интерес и релевантни меѓународни институции, од причина што нерешавањето на злоупотребите со екстра лесното гориво е во спротивност со европските директиви.

Изедначувањето на акцизата на екстра лесното гориво со дизелот ќе демотивира понатамошни злоупотреби, ќе придонесе за зголемен квалитет на горивото што се користи, а истовремено ќе ја заштити животната средина со промовирање и користење гориво според европските стандарди.

>>> Макпетрол со реакција за измените во густината на горивата

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дистрибутер на горива во Германија создава шума за секој кубик гориво

Дистрибутер на горива во Германија создава шума за секој кубик гориво

Seat Ateca

Seat Ateca фаќа нов залет