162
21 shares, 162 points

Земајќи ја во предвид состојбата на прогласената пандемија на заболени лица со Корона вирус, COVID – 19 и сите препораки на Министерството за здравство, Владата и Светската здравствена организација, Макпетрол упатува апел до сите потрошувачи, за дисциплинирано однесување и почитување на сите препораки.

При посета на бензинските станици, Макпетрол ги советува потрошувачите да внимаваат да не се создаваат непотребни застои и групирања, односно максималната бројка на присутни во продавниците да биде ограничена до три лица, како и задолжително да се одржува препорачаното растојание кога се чека во ред за било каква услуга.

Понатаму, од компанијата апелираат до сите да бидат трпеливи, да ги почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици, како и да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.

Макпетрол како општествено одговорна компанија и водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава, секогаш се грижи за своите вработени, како и за сите потрошувачи и посетители. Компанијата е во постојана комуникација со сите релевантни институции, води корисни и конструктивни разговори и консултации, со цел да обезбеди безбедни услови, како за вработените, така и за потрошувачите.

Макпетрол постапува со цел да се обезбеди ефикасно, безбедно и професионално однесување во новонастанатите услови

Вработените постојано се обучуваат и информираат, со цел стручно и професионално да излезат во пресрет на сите потреби и очекувања од страна на потрошувачите. Секојдневно се работи со вработените и се инсистира на почитување на донесените мерки, со цел да се обезбеди ефикасно, безбедно и професионално однесување во новонастанатите услови. Макпетрол во исто време ги подржува вработените на бензинските станици, во нивната заложба за хумано, етичко и професионално однесување во овие вонредни услови, знаејќи дека со заедничка општествена посветеност ќе се постигне успех во надминувањето на сите предизвици.

Поставените кафемати во бензинските станици на Макпетрол, заклучно од 20 часот денес (17-ти март), повеќе нема да бидат во функција.

View this post on Instagram

Чисто превентивно заради вирусот, не заборавајте да ги пребришете надворешната и внатрешната рачка на вратата, секако воланот и рачката на менувачот и на паркирната сопирачка, кога седнувате во возилото. Доколку не најдете готово дезинфекциско средство, побарајте во аптека изопропанол или метанол, како високопроцентни алкохоли. Истото важи и за неколку копчиња што се користат, односно се допираат често. Само малку повеќе внимание #коронавирус #дезинфекција #автомобили

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk) on

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *