146
125 shares, 146 points

Макпетрол ја почнува новата сезона на наградната игра „Со Верна полни и секогаш добиј“. Корисниците на услугите на компанијата четврта година имаат можност за добивање награди, меѓу кои скутер, четирицикл и автомобил Honda.

Макпетрол го најави утрешниот старт на новата сезона на наградната игра „Со Верна полни и секогаш добиј“. Исто како и во претходните три години, за учество во наградната игра не е потребна стручност или посебни познавања, туку единствено е потребно да се поседува картичка Верна и редовно да се ажурира секое купување во мрежата на компанијата.

Наградната игра трае од 1-ви март до 9-ти декември и ќе се состои од девет редовни и четири мастер кола. На крајот следи и доделувањето на највредните награди, во финалното коло. Секој месец се доделуваат лаптопи Dell, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга или Маврово, ваучери за гуми, ваучери за моторни масла Лубекс, ваучери за средство за стакла Кристал Кар и бодови на сметката на Верна.

Honda HR-V osvezuvanje

Главните награди се косилка за трева Honda HRX 537 HY, скутер Honda SH150, теренски четирицикл Honda TRX 500 FM, гумен чамец Highfield CL380 со мотор Honda 20 КС – секако и приколка за него. Тоа што корисниците ќе го имаат на ум при секое купување во мрежата на Макпетрол е Honda HR-V 1.5 во престижното ниво на опрема Elegance Navi, како главна награда. Познатото моделско име на сцената на СУВ-возилата, во оваа изведба чини близу 30.000 евра.

Правилото на играта е секогаш исто: Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за добивка

Една шанса за награда се добива со секои впишани 10 до 19 бодови на картичката Верна. Новитетот во начинот на бодување за годинава е тоа што потрошувачите ќе добиваат по две шанси за награда, доколку впишат 20 и повеќе бодови во една трансакција. Како што наведуваат од компанијата, оваа измена се прави со цел да се излезе во пресрет на корисниците, кои досега практикуваа да полнат гориво прво за 10 бодови, а потоа го дополнуваа резевоарот во вредност за уште 10 бодови, заради добивање две шанси за награда.

Меѓу наградите и теренски четирицикл Honda TRX 500 FM

Оваа година, потенцијални добитници се повеќе од 155.000 корисници на програмата Верна. Бројот расте од година в година, а соодветно и Макпетрол доделува повеќе награди и подготвува изненадувања, во знак на благодарност. Од водечката македонска компанија во дистрибуцијата на моторни горива денес најавија дека покрај наградната игра ќе бидат организирани и неколку други кампањи и промоции наменети за членовите на програмата за лојалност Верна.

Honda SH 150i

За пристапување во програмата, односно за добивање картичка Верна, единствено е потребно да се пополнат податоците во најблиската станица за гориво на Макпетрол. Со првата трансакција во вредност за 10 или повеќе бодови се учествува во наградната игра. Секоја следна трансакција носи дополнителна шанса за освојување награда.

Макпетрол додели Хонда Сивик за најсреќниот корисник на Верна

Меџикот на Макпетрол станува Верна Шоп & Драјв

Верна и на мобилен телефон: Макпетрол ја претстави апликацијата Верна GО

Макпетрол од денес точи нова генерација дизел горива

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
125 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *