за

Макпетрол со летни награди во денешното коло: Комплет чамец со мотор и приколка

Makpetrol dodeluvanje nagradi juli
Makpetrol dodeluvanje nagradi juli

Во салонот на Honda во Скопје, денес беа свечено доделени наградите од редовното и мастер колото на „Со Верна полни и секогаш добиј“ на Макпетрол. Главната награда се погоди за летната сезона: Гумен чамец Highfield, заедно со мотор Honda и приколка.

Макпетрол денес ги додели наградите од четвртото редовно коло и од второто мастер коло од наградната игра на Верна. Вообичаено, на настанот присуствуваа високи претставници на Макпетрол АД. „Преку Верна – програмата за лојалност, уште повеќе се приближуваме до нашите потрошувачи кои ги препознаваат нашите заложби и кои недвојбено ни помогнаа да израснеме во компанија – лидер на македонскиот пазар,“ беше воведно кажано од Мишко Тасевски, директор за маркетинг во компанијата.

Тој посочи на почетоците на наградната игра, којашто воспостави сосем нов начин на комуникација меѓу корисниците на услугите на станиците за гориво и персоналот на Макпетрол. Денес оваа веројатно најпозната програма за лојалност во Македонија брои повеќе од 170.000 членови на Верна. „Четврта година по ред, Макпетрол ги наградува своите верни потрошувачи и со тоа создава вредна традиција, преку која се заблагодарува на добиената доверба и поддршка“, додаде Тасевски.

Во извлекувањето за второто мастер коло учествуваа близу 350.000 трансакции на корисници на програмата Верна на Макпетрол

Во извлекувањето на наградите од четвртото редовно коло учествуваа 180.000 квалификувани трансакции, а во извлекувањето на главната награда од второто мастер коло учествуваа 345.000 квалификувани трансакции. Од наградната игра за оваа година остануваат уште 5 редовни кола, 2 мастер кола, и секако финалното мастер коло, кога ќе биде доделена главната награда, Honda HR-V.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Компанијата ги охрабрува потрошувачите да ги користат своите картички Верна, со што стануваат потенцијални добитници на многу вредни награди, а истовремено ги повикува корисниците што не се членови на програмата за лојалност Верна да го сторат со едноставно пополнување на пристапница на бензинските станици на Макпетрол.

Според директорот на дирекцијата за малопродажба Љупчо Георгиевски „секое доделување на награди, на нас во Макпетрол, ни причинува огромна чест и задоволство.“ Преку квалитетот на производите и услугите, современите платформи, како програмата за лојалност Верна и наградните игри, компанијата Макпетрол им изразува благодарност на потрошувачите за нивната доверба.

Георгиевски: „Програмата Верна е само уште еден доказ за нашата насоченост кон потребите на потрошувачите“

„Иако во овие неколку изминати години сме посветени на реализација на крупни инвестиции во синџирот на бензинските станици, нашата посветеност воопшто не се намали кон овие проекти. При тоа беа имплементирани нови можности во насока на поширока понуда на промоции и поефикасно искористување на поволностите опфатени со програмата за лојалност Верна.  Во прилог на тоа говори фактот дека интересот за програмата Верна и наградната игра Со Верна полни и секогаш добиј не опаѓа, туку расте, што за нас претставува дополнителен мотив при реализирање на зацртаните деловни активности, секогаш посветени кон одржување на високото ниво на стандардите за квалитет, како на нашите горива, така и на нашите услуги и останати производи. Програмата Верна е само уште еден доказ за нашата насоченост кон потребите на нашите потрошувачи, додека бројноста на корисниците недвојбено говори сама за себе.“– истакна Љупчо Георгиевски.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во овогодишната наградна игра на Макпетрол изминаа 3 редовни кола во кои беа доделени 30 ваучери за Crystal Car, 30 ваучери со Верна поени, 30 ваучери за Лубекс моторни масла, 30 ваучери за гуми, 6 ваучери за викенд во хотелот Макпетрол во Маврово, односно Струга, 3 лап-топи Dell, а беше доделена и првата главна награда од првото мастер коло – скутерот Honda SH150.

Ристе Златевски е среќниот добитник на лап-топ Dell, додека најсреќен во второто мастер коло беше Оливер Панковски, кој си замина со гумен чамец Highfield CL380 со приколка и мотор Honda од 20 КС.

Од компанијата им честитаа на сите досегашни добитници од овогодинешната наградна игра за добиените награди, а за оние кои не биле толку среќни, од Макпетрол ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата ВЕРНА со надеж дека во наредното коло ќе им се насмевне среќата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

liqui moly proizvodstvo

Liqui Moly има нов софтвер што му прави милионска загуба

Битола - Ова не е паркинг

Битола им дели жолти балони на неправилно паркираните