171
48 shares, 171 points

Во предновогодишно расположение, денес беа свечено доделени наградите во рамките на наградната игра „Верна повторно наградува“ на Макпетрол. Господин Коста Митрески имаше најмногу среќа во финалното мастер коло, освојувајќи Хонда Сивик

Заврши наградната игра на Макпетрол, „ВЕРНА повторно наградува“ која започна на 1-ви март, а траеше до 10-ти декември оваа година. Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Хонда ги додели наградите од финалното мастер коло, како и од четвртото мастер коло. На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

Макпетрол посвети многу време и искуства во создавањето на ВЕРНА програмата за лојалност. По три години од отпочнувањето на ВЕРНА програмата, трудот е награден на најубав начин. ВЕРНА картичката стана неодминлива алатка за секојдневно функционирање на потрошувачите. Активноста и бројноста на картичките сами по себе говорат за успешноста на ВЕРНА програмата за лојалност.

Повеќе од 150.000 корисници на картичките Верна и над 1,6 милион трансакции

„Со желба да обезбедиме дополнителни погодности и предности за своите лојални потрошувачи и членови на ВЕРНА програмата за лојалност, и оваа година, трет пат по ред, воведовме наградна игра и воспоставивме една убава традиција со нашите верни потрошувачи,“ истакна Мишко Тасевски, раководител на секторот Маркетинг.

Денес, преку ВЕРНА програмата, повеќе од 150.000 потрошувачи на Макпетрол ги користат поволностите кои ги нуди компанијата. „Создадовме едно големо семејство и воспоставивме единствен систем преку кој комуницираме со нашите потрошувачи, со цел подобрување на нашата работа, затоа што секогаш има простор за напредок и усовршување. Оваа година во наградната игра учествуваа преку 1.600.000 трансакции што јасно покажува дека потрошувачите го препознаа квалитетот на нашите производи и услуги, и со тоа ја покажаа довербата да нé одберат нас како нивен прв избор,“ додаде Тасевски.

Заврши наградната игра на #Макпетрол, „ВЕРНА повторно наградува“ која започна на 1-ви март, а траеше до 10-ти декември…

Posted by Макпетрол Ultra on Wednesday, December 19, 2018

Во наградните кола до сега беа доделени 8 лаптопи Дел, 8 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Маврово и Струга, 80 ваучери за гуми, 80 ваучери за Лубекс моторни масла, 80 ваучери за Кристал Кар средство за ветробрански стакла, како и 80 награди со вредносни Верна поени. Главните награди беа чамец Ocean Master 390 со вонбродски мотор Хонда од 40 КС заедно со приколка, автомобил Хонда Џез и скутер Хонда. На денешната свеченост беа доделени преостанатите награди: Лаптоп Дел, скутер Хонда и финалната награда, Хонда Сивик.

Наградните игри на Макпетрол продолжуваат и во 2019 година, со уште повеќе изненадувања

„Успешноста на една компанија најдобро се гледа преку бројот на нејзините задоволни и лојални корисници. Макпетрол во изминативе години, секогаш се труди на најдобар начин да одговори на барањата на корисниците. Определба на Макпетрол е секогаш да инвестира во квалитетот на производите и услугите и секако новите понуди наменети за лојалните потрошувачи. Квалитетот на нашите горива е императив во работата, па затоа ги применуваме најстрогите стандарди, за да можеме на своите потрошувачи да им понудиме горива со врвен квалитет,“ истакна Љупчо Георгиевски, директор на Дирекција за малопродажба.

Биљана Мановска е среќната добитничка на лаптоп Дел, а Ајла Река си замина со скутер Хонда. Најсреќен оваа година во наградните игри на Макпетрол е Коста Митрески, кој доби Хонда Сивик.

Од компанијата им честитаа на сите добитници од овогодинешната наградна игра за добиените награди, а за оние кои не биле толку среќни оваа година, од Макпетрол ги повикаа да продолжат да бидат дел од програмата ВЕРНА со надеж дека во 2019 година ќе им се насмевне среќата.

Меџикот на Макпетрол станува Верна Шоп & Драјв

Верна и на мобилен телефон: Макпетрол ја претстави апликацијата Верна GО

Макпетрол од денес точи нова генерација дизел горива

Макпетрол со обновена станица во Гевгелија и најава за нов дизел

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
48 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *