за

Индиската Mahindra сака да им продава „џипови“ на Американците

Roxor mahindra

Mahindra уште во март годинава гo најави почетокот на продажбата на робусниот теренец Roxor во Соединетите Држави. Во Jeep воопшто не се одушевени од плановите на Индијците

Индискиот производител на автомобили Mahindra има големи планови со Roxor на пазарот во САД. Класичниот теренец кој е модифицирана изведба на Thar за индискиот пазар, треба да се увезува во форма на готови модули и да се монтира во сопствени погони во Детроит. Плановите се одлични, но постои еден производител на когошто тие воопшто не му се допаѓаат – Fiat Chrysler Automobiles.

На Американците повеќе им пречи цената на Mahindra отколку сличноста со класичниот изглед на Jeep

Групацијата на којашто ѝ припаѓа марката Jeep поднесе тужба пред Комисијата за странска трговија, образложувајќи дека Roxor е копија на дизајнот на Jeep. Негодувањето на Американците е сосем издржано, особено кога ќе се забележи дека се задржани дури и препознатливите детали од оригиналниот дизајн, како што се вертикалните изрези во маската. Во Jeep стравуваат дека продажбата на Roxor би можело да се рефлектира негативно врз продажбата на нивните модели, имајќи предвид дека и цената е неколкупати пониска.

Roxor mahindra 3

Неизвесно е дали Fiat Chrysler ќе успее да ја спречи продажбата на евтините, а веројатно и издржливи теренци од класичен ков. Индијците дури најавија и инвестиција од 600 милиони американски долари во производствениот погон во Детроит.

Цените на пазарот во САД стартуваат од 15.000 долари. Fiat Chrysler можеби и нема причина за толкава загриженост. Roxor смее да се вози само по терен, надвор од асфалтирани патишта.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

гамбол 3000 ашер

Музичката ѕвезда Ашер го означи стартот на Гамбол 3000

Elisa Artioli Lotus Elise

Таа е Елиза Артиоли и автомобил го носи нејзиното име