за

Magna доби рекорден налог за испорака на менувачи за BMW

Magna доби рекорден налог за испорака на менувачи за BMW
Magna доби рекорден налог за испорака на менувачи за BMW

Добавувачкиот гигант Magna потпиша договор за повеќе години да го снабдува BMW со менувачи со двојна спојка за модели со преден погон, вклучувајќи и верзија за 48-волтен благ хибриден погон. Менувачите ќе се произведуваат во Германија и во Словачка.

Групацијата BMW му го додели на добавувачот Magna најголемиот налог за менувачи во историјата на компанијата. Договорот е склучен на повеќе години и ги предвидува сите менувачи со двојна спојка за модели со преден погон, вклучувајќи и нивни верзии за модели со хибриден погон.

Разни верзии на менувачите на Magna ќе се вградуваат во повеќе од 170 моделски изведби и варијанти. Изведбата на менувачот на Magna за хибриден погон се одликува со тоа што не влијае врз габаритите на куќиштето на менувачот. Тоа е од голема важност при монтажата, затоа што не мора да се вршат дополнителни приспособувања на производствената линија.

https://photos.app.goo.gl/ZEeeZj7Zvwq4BL2W6

Хибридната варијанта користи 48-волтен електромотор со високи вртежи, којшто е вграден во самото куќиште на менувачот. Оваа погонска изведба постигнува пристојна заштеда во гориво при возење во град, но нуди поволности и во најразновидни услови и ситуации во возењето.

Менувачите ќе се произведуваат во фабриките на Magna во Ноенштајн, Германија и во Кечнец, Словачка.

Освежување кај BMW: Сите работи почнуваат од 1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen golf dizajn od buba_1

Ја препознавте „бубата“ во дизајнот на новиот Volkswagen Golf?

Skoda Scala

Нов турбо-бензинец со 150 КС за Skoda Scala и Kamiq