133
20 shares, 133 points

Добавувачот Magna премиерно го прикажа Icon на салонот во Детроит. Новата генерација радари ќе биде достапна веќе в година и истата претставува основа за следното ниво на автономното возење. Оваа технологија веќе со години се користи од страна на американската војска.

На салонот во Детроит доживеа премиера новата генерација радари, којашто го обезбедува следното ниво на автономното возење. Добавувачот на автомобилската индустрија Magna ќе стартува со испорака на Icon во 2019 година. Предностите на новите радари се во попрецизното распознавање на објектите на патот, во подолгиот досег и во издржливоста. Тоа е основа за автономното возење од нивоата 3 до 5. Технологијата што се користи во Magna Icon веќе со години се наоѓа во примена кај американската војска. Партнер во развојот е Uhnder, технолошка стартап компанија, специјализирана за технологија за маскирање.

Magna Icon NAIAS 3

Со максимален досег од 300 метри, радарот постојано ја следи средината во четири димензии (висина, ширина, длабочина и брзина). Icon ги распознава објектите близу стопати подобро од повеќето постоечки системи и може точно да го класифицира секој објект. Радарот ги препознава статичките објекти, како банкини, оштетувања на патот или подлога набрана од запирање. Покрај тоа, Icon следи и голем број подвижни објекти, како возила, велосипедисти, пешаци и животни.

Податоците што пристигаат од радарите се клучни за ефикасноста на вештачката интелигенција – Magna Icon скенира 50 пати побрзо од едно трепнување

Беспрекорната работа на системите за асистенција, како што е на пример автоматското запирање при опасност од судир, во најголема мерка зависи од способноста на техниката да ги разликува помалите „објекти“, како деца или велосипедисти, кои се наоѓаат директно покрај поголемите објекти, како што се паркирани возила или камиони во движење. Тоа се критичните податоци што софтверските системи ги добиваат како информација, односно тоа ја сочинува вештачката интелигенција.

Magna Icon NAIAS 1

Magna Icon ја скенира целата средина, и тоа 50 пати побрзо отколку што трае едно трепнување. На тој начин, возилата можат брзо да донесат одлука во посложените сообраќајни ситуации. Радарот ги препознава возилата на растојанија коишто се дури и понапред од актуелните законски барања.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
20 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743