за

Мадрид ќе добие 500 електрични тротинети за јавно користење

Seat eXS Kickscooter

Seat продаде повеќе од 5.000 примероци од електричниот тротинет откако започна продажбата во декември лани. Шпанскиот производител моментно работи на нова услуга за мобилност, којашто ќе им овозможи на жителите и туристите на Мадрид пристап до 530 електрични тротинети.

Партнер на Seat во овој проект е стартап-компанијата UFO. Планот е електро-тротинетот со целосна ознака „Seat eXS Kickscooter powered by Segway“ да им се понуди за користење на жителите на шпанската престолнина како дел од јавно достапен возен парк.

Корисниците ќе можат преку мобилна апликација да лоцираат каде се наоѓа најблискиот е-тротинет, по што како регистрирани корисници го „отклучуваат“ истиот преку својот мобилен телефон и на крајот го оставаат на место кадешто не пречи, додека следниот корисник не побара превоз. Тоа е брз и едноставен превоз, далеку од метежот и без какво било штетно влијание врз животната средина. Единствено не е бесплатно: Отклучувањето чини 1 евро, секојоа минута користење се наплаќа 15 евроценти преку мобилната апликација.

Услугата позната како Kicksharing наидува на растечка популарност во светските метрополи

Електричниот тротинет eXS е прв производ на Seat што е наменет за таканаречената микромобилност, односно претставува дополнување на јавниот превоз во градовите. Станува збор за „last mile“ превоз, односно за превозно средство што се користи, на пример, од станиците на метрото, до крајното одредиште, како работно место или можеби кафуле.

Во Скопје исто така мошне често се среќаваат електрични тротинети. Во тој поглед држиме чекор со трендовите на мобилноста, меѓутоа навиката за користење автомобил на куси релации останува.

Мадрид со 500 електрични возила за изнајмување

Мадридското такси доби 110 електрични возила Nissan Leaf

Мадрид ќе добие 82 автобуса Mercedes-Benz со погон на метан

Мадрид е 31-от град со евтината шема за изнајмување возила Car2go

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Range Rover Evoque Skopje

Автомобилската сцена го поздрави пристигањето на Range Rover Evoque

Ford Explorer Evropa

Ford Explorer пристига на крајот на годинава со 450 „хибридни“ КС