155
20 shares, 155 points

Шпанската престолнина го избра погонот на метан за градскиот автобуски превоз, како брзо и достапно решение за смалување на штетната емисија. Првите автобуси Mercedes Citaro NGT почнаа да сообраќаат во градскиот превоз во Мадрид уште во 2016 година. Нивниот број во следната година ќе се зголеми на 672 автобуси со погон на метан.

По позитивните искуства со актуелните 82 автобуси Mercedes Citaro NGT, градскиот автобуски превоз во Мадрид нарача нови возила, со што вкупниот број на автобуси со погон на метан во градот во текот на следната година ќе се зголеми на 672 возила.

Претпријатието ЕМТ Мадрид има најголем возен парк со автобуси на метан во Европа. Сообраќајот во шпанската метропола во голема мера се потпира на автобускиот превоз. ЕМТ има околу 2.000 автобуси, кои годишно минуваат повеќе од еден милион километри и превезуваат 425 милиони патници, во мрежа долга 3.800 километри. Користењето приватни возила драстично се смали во последните години, благодарение на добрата организација на јавниот автобуски превоз.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моторот во Mercedes Citaro NGT е 7,7-литарски M 936 G со погон на метан. Шестцилиндарецот со турбонатполнење може да користи и биогас. Моќноста изнесува 302 КС, вртежниот момент достигнува 1.200 њутнметри. Издувот е далеку под граничните вредности на нормата Euro VI.

Со примена на метан, емисијата на СО2 се смалува за 10% во споредба со дизелот. Доколку се користи биогас, се постигнува речиси неутрален СО2-биланс. Покрај тоа, бучавата се смалува за 4 децибели или двојно во споредба со дизелот, што е особено значајно во градската средина.

Автобусите точат гориво во депо со 9 пумпи, на кои резервоарите полнат гас буквално за една минута. Во градот има уште три гаражи во кои полнат гориво автобусите со погон на метан.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
20 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *