114
16 shares, 114 points

Моделите М од Минхен се од посебна сорта. На љубителите на марката им зоврива крвта само од спомнувањето на оваа буква. Затоа и BMW реагира соодветно, со прибор М за „обичните“ модели.

Специјалното одделение за прибор BMW M Performance Parts нуди нови можности за спортскиот X6 да се направи уште поспортски. Покрај дизајнерски пакети за каросеријата и кабината, во понудата влегува и функционален прибор, на пример за зголемување на моќноста или за „острење“ на звукот.

Пакетот за аеродинамика му дава поспортски и помоќен изглед на X6. Пакетот содржи преден сплитер, заден дифузор и заден спојлер од карбон, како и перки и странични клапни, педантно лакирани во црна боја и исполирани до сјај. Како дополнување се нудат капи за ретровизорите од карбон, коишто се изработуваат рачно, а според BMW, со тоа оди и црна предна решетка со црни украсни прстени.

Спортскиот изглед се комплетира со бандажи од 21 инч, лакирани во две бои и полесни за 1,5 килограм од стандардните, благодарение на посебната техника на изработка. Одзади може да ѕирка систем од издувни лонци BMW M Performance, изработени од благороден челик, со две хромирани издувни цевки во трапезна форма – секако тие му даваат и поостар звук на X6.

За кабината се нудат пристапни прагови од челик, финиширани со четкање и со вградени диоди што го осветлуваат натписот BMW M Performance. Диодите користат батерии и нема потреба од поставување кабли. За кокпитот стојат на располагање украсни лајсни од карбон, вклучувајќи ја и рачката на менувачот, со лого на BMW M. Карбонот може да се добие и на специјалниот волан, којшто дополнително е обложен со алкантара и покрај поцврстиот контакт ја нуди предноста што е пријатен на допир и при студено време. Црвениот маркер во средината на обрачот е децентен детал од мотоспортот. Во стил на трките се и педалите и потпирачот за стопало од благороден челик.

Кој сака повеќе КС под хаубата ги има на избор двата кита. Едниот е за BMW X6 xDrive 30d, којшто ја зголемува моќноста од 258 на 277 КС и го подобрува спринтот за 0,2 секунди во споредба со стандардниот модел. Тоа меѓу другото се постигнува со нова контролна единица и со поголем интеркулер. Во китот влегуваат и сопирачки дискови од 18 инчи. Вториот кит е наменет за X6 xDrive35i, со 326 место 306 КС и половина секунда покус спринт до сто. Со модификацијата се добива и побудна реакција на педалот за гас и променет звук на моторот и издувот. Обата кита не предизвикуваат зголемување на потрошувачката. Со доплата се нудат и уште поголеми сопирачки дискови, со пречник од 19 инчи и подобрена отпорност на прегревање. Како визуелен белег служи сината боја на клештите.

Интересна опција е возачкиот анализатор: Посебен стик се поставува покрај приклучокот за дијагностика, а податоците од него потоа се читаат на паметен телефон со iOS или Android, на когошто се инсталира добиената апликација. Врската со стикот се воспоставува преку блутут. Сите измерени активности во возењето, како податоци за моторот, брзина и крајни вредности, актуелниот степен на пренос, користењето на педалите за гас и сопирање, или попречното забрзување се меморираат во паметниот телефон и може да се повикаат во секое време.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

114
16 shares, 114 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743