за

Лукоил отвори нова станица за гориво во Ченто

лукиол станица за гориво ченто
лукиол станица за гориво ченто

Компанијата „ЛУКОИЛ Македонија“, денес во присуство на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и на највисоки владини функционери отвори нова станица за гориво во скопската населба Ченто, на излезот кон Арачиново. Станува збор за 31-ва станица за гориво во македонската мрежа на Лукоил.

Станицата е изградена според новиот корпоративен стил на компанијата и располага со површина од 2.000 метри квадратни. Објектот е изведен како повеќенаменски комплекс, со маркет снабден со широк асортиман на производи, паркинг за лесни и тешки моторни возила, wi-fi. Корисниците на станицата на улица Методија Андонов Ченто ги опслужува персонал со 12 вработени.

„Новата ЛУКОИЛ бензинска станица е дел од стратегијата на нашата компанија за проширување на македонскиот пазар. Нашата цел е секојдневно да го подобруваме квалитетот на животот на нашите потрошувачи, снабдувајќи ги со висококвалитетни горива и најефикасна услуга, па оттука ја продолжуваме традицијата на една од најуспешните компании во Македонија, каде што вложуваме и создаваме квалитетни и долгорочни врски со своите клиенти. Веруваме дека со оваа нова бензинска во Ченто, дополнително ќе им го олесниме патувањето на нашите лојални потрошувачи“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Обраќање на настанот имаше македонскиот премиер, г. Зоран Заев, како и амбасадорот на Руската Федерација во земјата, г. Сергеј Баздникин, кои пред медиумите истакнаа дека оваа инвестиција на ЛУКОИЛ е исклучително значајна за економијата на земјата.

Баздникин: „Русија е заинтересирана за унапредување на взаемно полезна соработка меѓу нашите братски народи“

„Дејноста на ЛУКОИЛ Македонија е видлив пример за успешна реализација на инвестициски проект, што, се разбира, позитивно влијае врз формирањето на објективниот образ на Русија во Северна Македонија, која е заинтересирана за унапредување на взаемно полезна соработка меѓу нашите братски народи. Ја забележуваме подготвеноста на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Отворени сме за продлабочување на нашата соработка, за проширување на истата врз нови сфери во тој степен, во кој тоа им одговара на нашите заеднички интереси“, рече амбасадорот на Руската Федерација во земјата, г. Сергеј Баздникин.

New item by Automedia MK / Google Photos

„Новата бензинска станица на ЛУКОИЛ е од извонредно значење за овој регион и ќе ги задоволи потребите на жителите на општините Гази Баба и Арачиново, како и на сите патници и деловни луѓе кои фреквентно го користат регионалниот пат Скопје – Куманово. Секако, од значење е и отворањето на новите работни места како придобивка за жителите на локалните заедници во двете општини. Ова е убава прилика со неколку зборови да потсетиме на нашата одлична соработка со компаниите кои доаѓаат од Руската Федерација, како и нашата принципиелна соработка со Руската Федерација, како значаен трговски партнер на РСМ со кој остваруваме интензивна трговска соработка која постојано бележи константна вредност“, изјави премиерот Зоран Заев.

Покрај премиерот и амбасадорот, на отворањето присуствуваа и министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески, градоначалниците на Општина Гази Баба и Општина Арачиново, г. Борис Георгиевски и г-а Миликије Халими, како и други претставници на државните органи и локалните власти.

ЛУКОИЛ во Македонија брои вкупно 31 бензинска станица, од кои 10 во Скопје и околината, по 3 во Тетово и во Битола, по 2 во Куманово, Охрид, Струмица и Гевгелија и по една во Кичево, Прилеп, Велес, Штип, Кочани, Радовиш и на Стража.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стефан Богоев, градоначалник Карпош, сообраќај

Со градоначалникот Стефан Богоев околу новите сообраќајни решенија во Карпош

mitsubishi pajero sport 2019

Mitsubishi најавува освежување за Pajero Sport