за

Наградна игра од Лукоил, главна награда автомобил

лукоил наградна игра 2019
лукоил наградна игра 2019

Под името „Полни, патувај и добивај“ Лукоил Македонија ја започна новата наградна игра во којашто главната награда е Škoda Karoq.

За учество за една од вредните награди, потрошувачите треба да направат сметка од најмалку 1.000 денари за наточено гориво или за кои било производи купени на бензинските станици на Лукоил Македонија и да испратат СМС порака со бројот на фискалната сметка на телефонскиот број 149 499. Наградната игра и можноста за освојување на една од вредните награди трае до крајот на годината односно до 30-ти декември.

Покрај главната награда Škoda Karoq, верните клиенти на Лукоил Македонија имаат можност да станат потенцијалени добитници и на многу други атрактивни награди, како кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 денари, таблети Samsung Galaxy, ваучери за спортска облека од 3.000 денари, ваучери за гориво од Лукоил Македонија од 2.000 денари, смарт часовници и масла Лукоил.

„Како компанија отсекогаш сме биле ориентирани кон врвно корисничко искуство, па така традиционалното организирање наградни игри е токму со цел да им овозможиме на нашите лојални потрошувачи и дополнителни вредни изненадувања за користењето на услугите и производите на Лукоил. Нашата мисија впрочем е насочена кон континуирано зголемување на квалитетот на животот на клиентите, секојдневно подобрувајќи ги нашите услуги, па оттука, силно верувам дека сѐ што правиме е препознаено токму во насока на градење квалитетни и долгорочни врски со нашите потрошувачи, па така ќе биде и со оваа наградна игра. Со среќа на сите корисници, искрено им посакувам да станат еден од потенцијалните добитници“, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на Лукоил Македонија.

Добитниците ќе се извлекуваат секој понеделник, фискалната сметка треба да се сочува заради потврдување

Извлекувањата ќе се вршат 7 недели последувателно, односно секој понеделник ќе биде резервиран за носење радост за дваесетина лојални корисници на бензинските станици на Лукоил Македонија. Секој понеделник, во игра ќе бидат СМС-пораките испратени од претходната недела, а добитниците на наградите од секое коло ќе бидат објавени во рок од 3 дена од извлекувањето, на интернет-страницата www.lukoil.com.mk.

Корисниците треба да ја сочуваат оригиналната фискална сметка со која учествуваат во наградната игра, како доказ за користењето и купувањето од која било 31 бензинскa станицa на Лукоил на територијата на Македонија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил

Акција во Volvo Cars, гратис зимски гуми и бандажи со секој автомобил

diter cece hong kong

Дитер Цече со пофални зборови за шефот на Tesla