за

Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма

Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма
Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма

Поранешниот шеф на Seat, Лука де Мео, ја презеде новата функција како генерален директор на Renault, каде што бизнисот повеќе не врви како порано. Италијанецот го чека напорна работа.

Автомобилскиот менаџер Лука де Мео (53) стапи на новата должност како генерален директор во Renault. Поранешниот шеф на Seat ќе се соочи со тешки предизвици во Франција, поради финансиската криза во којашто западна производителот на автомобили.

Концернот доби право да подигне кредит со државна гаранција во висина до пет милијарди евра. Од Италијанецот се очекува во следниот период да го поднесе стратешкиот план за зајакнување на Renault, кој прво беше погоден од скандалот со поранешниот шеф Карлос Кон, а потоа и од кризата во продажбата којашто е предизвикана од корона.

Де Мео во минатиот месец ги најави чекорите што ќе бидат преземени за санацијата на Renault. Компанијата најави отпуштање на околу 15.000 работници во својата светска мрежа, со цел да се најде излез од кризата.

Тој пристига на местото на привремената директорка Клотилде Делбос, којашто ќе остане во врвниот менаџмент на компанијата. Претседателот на Renault, Жан Доминик Сенард исто така ја задржува функцијата. Renault учествува со 43,4 проценти во акциите на јапонскиот партнер Nissan, кој и самиот во последниот период пишува црвени бројки во финансискиот извештај. На француската држава ѝ припаѓаат 15 проценти од акциите во Renault, со соодветно право на глас.

Приведени помошниците за бегството на екс-шефот на Renault Nissan

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС

Volkswagen Golf R ќе вози со 320 КС, стартот се ближи

Овие детали прават Lexus LC да биде посебен

Овие детали прават Lexus LC да биде посебен