Вести

Lucid Motors постигна рекордни 380 km/h за електрични автомобили

Lucid Motors безински рекорд

Тимот на Lucid Motors се врати на брзинскиот овал во Охајо да постави рекорд за електрични возила. Прототипот Air Alpha без прангите на електронскиот граничник постигна 380 километри на час. Можеше и уште побрзо.

Созревањето на Lucid Air Alpha до сериски автомобил продолжува со храбри чекори. Тимот на Lucid Motors се врати на познатиот брзински овал во Охајо со преработена верзија на прототипот. Целта беше да се направи серија тестови – вклучувајќи и проверка како возилото се однесува при екстремни брзини, без електронскиот лимитер. Резултатот: 380 километри на час.

Крајната брзина на претходното тестираше беше лимитирана на 350 километри на час

Актуелниот прототип се води како Lucid Air Alpha Speed Car и првпат беше тестиран во април годинава. Заради безбедност беа извршени неколку преправки во аеродинамиката и беше поставен падобран, во случај на потреба од итно запирање на „проектилот“. Тогаш возилото постигна 350 километри на час. Толку дозволи софтверот.

На патеката се покажа дека воопшто немало потреба од падобран, затоа што прототипот ја достигна крајната брзина многу порано од очекувањата и на возилото му остана доволно простор да запре безбедно.

Техничарите на Lucid Motors реагираа со неколку преправки на прототипот

Техничарите оттогаш извршија неколку преправки на конкурентот на Tesla. Активната воздушна суспензија, на пример, сега реагира побрзо при брзини над 300 km/h, а подобрено е и ладењето на предниот електромотор. Бандажите исто така се заменети со модели со подобра аеродинамика.

Lucid Air | Pacific Coast Highway | Point Mugu

Posted by Lucid Motors on Wednesday, May 17, 2017

За ова тестирање, Lucid Motors го пушти својот иден сериски автомобил да пушти колку што го носи силата. Сателитската навигација потврди 379 километри на час. Конкурентот на Tesla гледа уште потенцијал, иако нема потреба што повеќе да докажува.

Според производителот, Lucid Air е возило без компромиси, коешто нуди исклучителни перформанси и возни својства, но во комбинација со просторна кабина и комфор вредни за луксузната класа.

Следете ја Automedia.mk

Тест на летни гуми на клубот АДАК