за

Lotus со четири специјални серии од Elise

Lotus со четири специјални серии од Elise
Lotus со четири специјални серии од Elise

Специјалистот за лесни и темпераментни автомобили од англискиот Хетел подготви четири специјални серии од својот Elise, во чест на долгата историја на Lotus во мотоспортот.

Lotus лансираше четири посебни изведби од Elise, кои ќе се изработат во ограничена серија. Секоја изведба има различна комбинација од бои, со коишто Англичаните се потсеќаат на своите успеси во мотоспортот.

Црна и златна, црвена, бела и златна, сина, црвена и сребрена, сина и бела – тоа се четирите комбинации, кои ќе се изрботат во вкупно 100 примероци.

Прославената црно-златна комбинација е во чест на Lotus Type 72D, со кого Емерсон Фитипалди постигна пет победи во шампионатот во формула 1 во 1972 година. Црвено, бела, златната комбинација се повикува на Type 49B на Греем Хил од 1968 година, додека сино, црвено и сребената комбинација е инспирирана од Lotus Type 81 на Најџел Мансел, Елио де Анџелис и Марио Андрети од 1980 година.

Пред точно 60 години, неодамна починатиот Сер Стирлинг Мос ја постигна првата Ф1-победа со Lotus, на трката во Монако

Четвртата специјална серија на Elise е во сина и бела боја, во чест на Lotus Type 18 од 1960 година. Тоа е првиот автомобил на Lotus што пред точно 60 години постигна пол позиција и победа во формула 1, со неодамна починатиот Сер Стирлинг Мос, на трката за големата награда на Монако.

Како основа на сите четири серии служи Elise Sport 220. Секој примерок има посебна плочка со сериски број, поставена на арматурната табла. Побарувачката ќе решава која варијанта ќе се изработи во повеќе, а која во помалку примероци. Во секој случај, сите четири серии заедно нема да се изработат во повеќе од 100 примероци.

Цената на сите верзи е иста и изнесува £46,250 (€47,848). Тоа е £6,350 повеќе од стандардниот Elise Sport 220, но ако се вклучат сите ставки од опремата што следуваат како стандард, моделите од оваа лимитирана серија би чинеле £11,735.

Купувачите можат да избираат меѓу неколку опции, полнувајќи од покрив од фиберглас, лесен литиум-јон акумулатор или лесен издувен систем од титаниумска легура.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена
Lotus одбележува 35 години од првата победа на Аиртон Сена

https://www.instagram.com/p/B_1zHBxDzWL/

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила

Германија и во „полициски час“ произведе 11.000 возила

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД

Првпат продадени повеќе пикапи отколку автомобили во САД