за

Lotus 3-Eleven постави нов рекорд на Хокенхајм

Ниту Porsche 918, ниту Ferrari 488 GTB или Radical не беа доволно брзи во споредба со екстремниот модел на Lotus на патеката Хокенхајм. Нема да изненади ако подвигот се повтори и на другите патеки.

Околу Lotus 3-Eleven никогаш не постоеле сомнежи дека станува збор за брз автомобил. Колку е навистина брз, се покажа сега на германската тркачка патека. Иако е полна со замки за возачите, Хокенхајм не можеше да се спротивстави доволно на победничката комбинација врз којашто се темели имиџот на Lotus: Силен мотор со 466 КС и 525 њутнметри, екстремно ниска тежина од 890 килограми и супериорни возни својства.

lotus 3-eleven (1)Значи, рекорд! Времето на Lotus 3-Eleven на Хокенхајм изнесува 1:06.2 и постигнато е на тестот на специјализираниот германски магазин Sport Auto. Со ова време, Lotus е за десетинка побрз од хиперспортскиот Porsche 918 Spyder со 918 КС, цела секунда побрз од Gumpert Apollo и повеќе од две секунди побрз од времето што екипата на магазинот го постигна со Ferrari 488 GTB на германската патека.

Според магазинот, 3-Eleven е „зачудувачки брз автомобил, кој е фокусиран на тркачката патека и нуди големо уживање при возењето на лимит. Времето е постигнато со гуми Michelin Pilot Sport Cup 2 на температура од само осум степени Целзиусови. Успехот не пропушти да го коментира и првиот човек на Lotus, Жан Марк Гајлс: „3-Eleven е ултимативно отелотворение на философијата на Lotus, овој автомобил е ултимативен убиец на џинови.“ Како изгледаше рекордерскиот круг на патеката, погледнете на видеото:

Познавајќи ја традицијата на британската марка, успех сигурно нема да заврши на Хокенхајм. Има уште многу други предизвикувачки патеки, на кои 3-Eleven треба да им се спротивстави на „џиновите“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Superb ја освои титулата на автомобил на годината во Македонија

Renault ќе поставува соларни полначи за струја во Холандија