Пазар

Lotus постигна фантастична продажба – и конечно профит

Lotus Elise Sprint

Шесткратно зголемување на продажбата во Северна Америка и плус од 60% во Европа. Постојаното лансирање специјални серии модели на Lotus и чепкањето по постоечките модели ги донесе посакуваните резултати. Lotus е марката што се бара.

Премиум марките станаа здодевни со својата предвидлива понуда од малечки, малку поголеми, средни, полусредни итн. модели, во класична, полукласична, трендовска, мачо, феминизирана итн. изведба, сите со исти мотори, менувачи, платформи? X1, X2, GLA, GLB, Q1, Q2? Продажбите постигнуваат рекордни вредности. Но, во исто време расте и продажбата на традиционалните застапници на суштината на возењето. Lotus за половина година заработе два милиони фунти. Тоа е колку еднодневен рекламен буџет за големците во браншата, но за Lotus е доволно за светот да биде задоволен.

Evora GT430 пристига како најмоќниот Lotus во историјата

Британската марка месец за месец претставуваше специјални моделски серии во ограничен број примероци, секоја завртка беше потстегната одново во основната понуда од модели. Резултатот изненади многумина. Европскиот извоз порасна за 57%, продажбата во Северна Америка се зголеми шесткратно. Само една година порано, Lotus бележеше загуба од 16 милиони фунти.

Првпат по многу години, Lotus е самоодржлив бизнис“

Сите моделски серии – Evora, Exige, Elise и Lotus 3-Eleven – добија „суперизведба“. Понудата никогаш не била побогата. Расте и продажната мрежа. Од 138 дилерски локации во 2014 година, мрежата денес брои 215 дилерства. Шефот Жан-Марк Галес: „Првпат по многу години, Lotus е самоодржлив бизнис“.

Evora Sport 410 at the Green Hell.

Check out the North American specification Evora Sport 410 on its amazing trip to the Green Hell!

Posted by Lotus Cars on Friday, August 4, 2017

Во Норфолк веќе се работи на следната генерација модели. Солидни темели за продолжувањето на бизнисот беа поставени со преземањето на главнината од акциите од страна на холдингот Geely. За Кинезите, тоа е одлична инвестиција.

Ознаки

Следете ја Automedia.mk

Тест на летни гуми на клубот АДАК