147
20 shares, 147 points

Во финансискиот кварт на Лондон се најавува пробен период на забрана за сообраќај за возила со обичен мотор. Забраната во почетокот ќе важи само за една улица

Лондон се подготвува за пробната фаза во којашто ќе биде забранет сообраќај за возила со мотори со внатрешно согорување во едно од најважните подрачја во градот. Управата на Лондон Сити, како што официјално се водат стариот град и главниот финансиски кварт, одлучи да го забрани сообраќајот за возилата што немаат плагин-хибриден или електричен погон.

Забраната во почетокот ќе важи на јужниот дел од Мор Лејн, релативно малечка улица во срцето на британската престолнина. Пробниот период ќе започне во април следната година. Причина за ограничувањето на сообраќајот е високата загаденост на воздухот со издувни гасови во историскиот центар на Лондон.

Електричните возила и натаму имаат бесплатен пристап во „Сити“, додека автомобилите со мотор со внатрешно согорување ќе мора да паркираат надвор од заштитената зона во Лондон

Во зависност од стекнатите искуства, сообраќајот подоцна би се ограничил и на останатите делови на „Сквер Мајл“, како што лондончаните го нарекуваат овој дел од градот. За таа цел, прво ќе се изврши темелна анализа на резултатите од пробниот период и искуствата ќе се применуваат и на останатите градски подрачја.

Лондон, bmw i3

Истовремено со пробниот период на забрана за сообраќајот на Мор Лејн, во центарот на градот се воведува дополнителна патарина за постарите возила. Зоната на ултраниска емисија се поклопува со подрачјето за коешто моментно се плаќа таканаречена такса за метеж. До 2021 година, оваа зона ќе се прошири на подрачјето на целиот град.

Возилата што не ги исполнуваат строгите барања за исклучително ниска емисија на штетни материи ќе подлежат на такса во висина од 12,50 фунти (опколу 14 евра) за ден. Таксата за метеж изнесува 11,50 фунти. Возилата со дизел мотор плаќаат и трета давачка.

Уште поголем напредок во зачувувањето на квалитетот на воздухот постигна Париз. Француската престолина предвидува комплетна забрана за сообраќај за сите возила со мотор со внатрешно согорување по 2030 година.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
20 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *