за

Франкфурт ќе стане втор дом на лондонското електрично такси

London Taxi Frankfurt

Такси возилата со препознатливата форма, но со сосем неочекуван вид на погон, веќе возат во Норвешка, Шведска, Хонг Конг и Малезија, а секако и во Лондон. Наследникот на легендарното такси возило има само неколку преправки во изгледот и вози на струја. Производителот London Electric Vehicle Company е посестринска компанија на кинескиот Geely, кадешто меѓу другото припаѓаат Volvo и Lotus. Британците вторпат настапуваат на салонот во Франкфурт и се надеваат дека ќе склучат добри зделки.

Дизајнот е чиста спротивност на техниката што работи во возилото чијашто форма е препознатлива во цел свет. Тоа важи и за опремата во кабината, на пример, интернет хотспот или безжична мрежа. Освен како такси, благодарение на големата и комотна кабина, возилото може да се користи и за превоз на помали групи, за целото семејство, исто како и за корисници на инвалидска количка.

Постои и товарна варијанта, којашто одговара за достава во центарот на градовите кадешто е забранет пристап за возила со обичен мотор. При користење само на енергијата во батеријата, London Taxi TX постигнува досег до 130 километри. Потоа се вклучува мотор, кој работи како генератор, односно испорачува енергија за електромоторот. Во тој случај, досегот се продолжува на повеќе од 600 километри.

New item by Automedia MK / Google Photos

Компанијата е дел од Geely New Energy Commercial Vehicle (GCV). Од февруари, директор е Јорг Хофман, кој претходно има работено во General Motors и во Audi. Новиот директор очекува дека уште од следната година, повеќе од две третини од продукцијата во фабриката во Ансти, Ковентри, ќе заминува за извоз.

New item by Automedia MK / Google Photos

За тоа се планира центар што ќе раководи со продажбата во цела Европа и истиот би се изградил во близина на Франкфурт. Geely неодамна започна со изградба на центар за развој и дизајн во Раунхајм. „Лондонското такси“ ќе ја користи дилерската мрежа на Volvo.

LEVC досега има продадено 2.500 возила во Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Белгија рекорден собир на 1.326 примероци од Ford Mustang

Во Белгија рекорден собир на 1.326 примероци од Ford Mustang

mazda cx-30

Mazda започнува со продажба на купе-кросоверот CX-30 во Македонија