за

Автобуси на струја ќе возат низ Лондон

електрични автобуси лондон

Градските автобуси двапати се заштитен знак на Лондон. Прво поради двокатната конструкција, второ поради електричниот погон. Наскоро во англиската престолнина ќе почнат да возат 31 црвени двокатни автобуси – со електричен погон. Техниката пристига од гигантот во добавувачкиот сектор ZF. Изработката на автобусите ќе се одвива кај британскиот производител Optare.

Уште поубедлива е најавата дека до 2037 година во Лондон ќе возат исклучиво автобуси на струја, речиси безшумни и апсолутно без каква било емисија на штетни материи од погонот. Во меѓувреме пристигаат нарачки и од здружението на превозници од повеќе метрополи во САД, на коишто ќе им се испорачаат 100 примероци од серијата Xcelsior Charge, со електрична портална оска Ax-Trax AVE од производителот ZF.

електрични автобуси лондон 1

Електричната погонска оска може да се изведе заедно со хибриден погон или со погон со горивни ќелии, односно да се напојува со енергија од батерија. Стоте електрични автобуси од серијата Xcelsior Charge уште во 2020 година ќе почнат да возат во Лос Анџелес, Сиетл, Бостон и Минеаполис.

Австрија ќе дозволи електромобилите да возат побрзо на автопат

Електромобилност повикува на ревијално „е-возење“ на 20-ти септември

Електрични автобуси во јавниот превоз во Берлин

Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage 2019

Бестселерот Kia Sportage со залет во новото моделско годиште

Електрично Mini, електрични возила

Електричен конвој утре вози низ центарот на Скопје