за

Улица во Лондон претворена во Електрична Авенија

Улица во Лондон претворена во Електрична Авенија
Улица во Лондон претворена во Електрична Авенија

Авенијата Садерленд во Вестминстер е прва улица во земјата со улични светилки што се претворени во полначи за електрични возила.

Улица во Велика Британија, во должина од близу еден километар е целосно покриена со полначи за електрични возила. Официјално именувана „Electric Avenue, W9“ улицата е проект реализиран во соработка меѓу Siemens, компанијата Ubitricity и Градскиот совет на Вестминстер. Вкупно 24 улични светилки се претворени во полначи за електрични возила, со едноставно искористување на постоечката мрежа. Во следните недели, жителите на уште две улици што се спојуваат со Електричната Авенија ќе добијат на располагање вакви полначи.

Претходното истражување на Siemens покажа дека 36% од британските возачи би избрале хибриден или електричен погон за својот следен автомобил, но 40% се изјасниле дека досега не го направиле тоа поради недостигот од полначи.

Четири од пет жители ценат дека е најважно да се подобри квалитетот на воздухот

Со овој проект се прикажува новиот став на британската престолнина кон електричните возила. Според податоците, 80% од возачите во централен Лондон ценат дека е особено важно да се подобри квалитетот на воздухот, додека 83% во последните пет години се повеќе загрижени околу емисијата на СО2 што ја предизвикуваат.

Свесни сме дека половината од загадувањето на воздухот во Лондон потекнува од патниот транспорт, а Вестминстер е мошне раздвижено подрачје. Електричната Авенија е важен пример за можностите за искористување на постоечката градска мрежа. Тој покажува, како ќе изгледаат улиците во станбените подрачја во блиска иднина и го забрзува преминот кон возила со нулта емисија

Седрик Најки, член на управниот одбор на Siemens AG

Во Вестминстер во 2019 година е забележано зголемување за 40% на бројот на полнења на електрични автомобили, што е повеќе од кое било друго подрачје во Лондон. Со 296 улични светилки што се претворени во полначи, Градскиот совет на Вестминстер моментно располага со повеќе полначи за електрични возила од која било друга единица на локалната управа во Велика Британија. Само на Електричната Авенија се наоѓаат 24 улични светилки што се приспособени на овој начин. Целта е до крајот на следната година да се достигне број од 1.000 светилки-полначи во Вестминстер.

Siemens и ubitricity досега имаат изведено повеќе од 1.300 преправки на светилките во полначи на територијата на градот. Тоа е во согласност со кампањата на лондонскиот градоначалник Садик Кан #LetLondonBreathe за подобрување на квалитетот на воздухот.

https://www.instagram.com/p/B91OVYDpLib/

https://www.instagram.com/p/B9o5Gx5Hwjm/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Богота ги пушти велосипедите по улица, се избегнува јавниот превоз

Богота ги пушти велосипедите по улица, се растоварува јавниот превоз