151
20 shares, 151 points

Liqui Moly се соочува со последици од новиот софтвер што ѝ предизвикува милионска загуба на компанијата. Шефовите се бесни, проблемот не се решава лесно.

Специјалистот за масла и адитиви Liqui Moly е во тешки проблеми, откако во јануари беше инсталиран нов софтвер во компанијата. Шефот Ернст Прост се жали дека „во целата работна кариера не сум морал толку да им се извинувам на клиентите, колку во последниве шест месеци.“

Софтверот требаше да помогне да се смалат трошоците, но поради него компанијата нема да ги исполни бизнис плановите за првото полугодие. Новата компјутерска програма контролира сé, од набавка и производство, преку испорака, до фактурирање. Менаџерите очекувале мали потешкотии при воведувањето на новиот софтвер, но место тоа следеле огромни проблеми, кои уште не се надминати.

Со софтверот што е изработен од мошне позната компанија, Liqui Moly заостанува далеку зад плановите за производство и испорака до клиентите. Произлегува и голема финансиска штета, зашто контејнерите може да се наполнат само до половина, пред да ги преземат шпедициите. Доцнат и испораките, а често пати мора да се плаќа и скап авионски транспорт, за да се испочитува рокот.

Заработката на Liqui Moly е намалена за 30 проценти и изнесува единаесет милиони евра

Директорот Ернст Прост вработува нови лица, вложува во нови производи и пробива нови пазари, со цел да се надмине проблемот што го предизвика софтверот. „Актуелните проблеми ги открија подрачјаат во коишто сега ќе инвестираме, за да станеме уште подобри,“ најавува шефот на Liqui Moly. Тој се надева дека компјутерските проблеми ќе се надминат до крајот на годинава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *