за

Ford мора да гради втора фабрика за Lincoln Navigator

Lincoln Navigator

Џиновските теренци повторно се продаваат како алва на американскиот пазар. Најдобро поминуваат моделите што се по вкус на Трамп: Тешки и дебели, со мотори што го празнат резервоарот до првата пумпа, како Lincoln Navigator. Продажбата на најтрамповскиот од сите СУВ се зголемила двојно во јануари.

Трамп ги сака автомобилите големи и тешки. Колку повеќе гориво ќе потрошат тие, толку е подобро за државната каса и за економијата. Според американскиот претседател, и климатските промени се само лажна пропаганда. Политичките гледишта на твитер-претседателот можеби се неприфатливи за голем дел од населението, но затоа сите се сложуваат со неговиот вкус за автомобили.

Хит на американскиот пазар моментно е Lincoln Navigator. Интересот на пазарот е толку голем, што Ford мора да ги проширува производствените погони во Кентаки. Во оваа фабрика уште од порано беше планирана инвестиција од 900 милиони долари. Но, тоа е недоволно. Во Кентаки се произведуваат исклучиво модели од тешка категорија: Lincoln Navigator, Ford Expedition и хардкор-варијантите од серијата пикапи F.

Седум денови од производството до продажбата на автомобилот

Откако во декември беа најавени даночни повластувања, интересот порасна за уште толку. Во јануари се продале двојно повеќе примероци од Navigator отколку во првиот месец лани. Од производството на автомобилот до неговата продажба, во просек минуваат само седум денови. Нарачувањето автомобил и чекањето на испорака се непознати од другата страна на океанот. Американците едноставно влегуваат во салон и заминуваат со нов автомобил.

Купувачите на Navigator најчесто ги избираат најскапите нивоа на опрема Black Label или Reserve, со цена од околу 100.000 долари, односно за близу една третина над цената на основниот модел. Овој полу-тенк е олицетворение на мотото на Трамп, „да направиме Америка повторно да биде голема“. Најдебелиот од сите теренци лани доби инфузија од техника и тоа уште повеќе ги загреа купувачите. Под „техника“ се мисли на комфорни функции и дисплеи. За претстава, предните седишта располагаат со 30 степени на масажа, а секако дека нудат и разладување.

Патниците на задната клупа имаат засебен клима уред и гледаат холивудски филмови на дисплеи со дијагонала од 25 сантиметри. Безжичната мрежа подржува до 10 уреди. Со 5,63 метри на продолжената верзија, висина од 1,93 метар и ширина од 2,03 метри, Navigator тежи 2.747 килограми – празен. Моторот е релативно скромен, со шест цилиндри и 3,5 литри, но затоа се докажува до 450 КС и 691 њутнметри. Потрошувачката во град изнесува 14,7 литри на сто километри, резервоарот собира 106 литри.

Дали новиот Lincoln навистина е дрска копија на Bentley?

Lincoln Continental ќе биде најлуксузниот американски автомобил – повторно

Ford ја враќа во живот марката Lincoln

Honda Accord со титула на автомобил на годината во Детроит

Два од три премиум-автомобили во светот се Mercedes, BMW или Audi

Напредокот си зеде починка за годинашниот салон во Њујорк

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus ux

Lexus UX премиерно во Женева

Премиум компактите под притисок од новите СУВ модели