за ,

Лимузините заминаа, ни остануваат СУВ кутиите

Fiat 132 - лимузините на Fiat

Колкумина од нас се сеќаваат на големите и тешки лимузини од холивудските филмови од 1970-те или 1980-те години? А, колкумина се сеќаваат на заплетот во тие филмови? Јасно е дека вистинските ѕвезди биле автомобилите, не актерите. Кој уште можеше да им одолее на тие крстосувачи со шарм на двокрилен ладилник и со половина од тежината што отпаѓа на хром. На тоа следеше кабина голема колку гарсониера во Токио и амортизација којашто е проектирана исклучиво за комфор и за возење право.

Денешните генетски модифицирани сорти немаат ниту пристојно име – СУВ?

Лимузините кои ги помниме сите, сега се на изумирање и наскоро ќе бидат мртви исто колку диносаурусите. Освен СУВ, кросовери или какви било други генетски модифицирани сорти на теренци, друго речиси и не се продава или произведува. Овие сорти автомобили, кои немаат ниту пристојно име – освен ако некој може точно да го дефинира значењето на „спорт јутилити вијакл“ – газат сé пред себе, во сите класи, категории, ценовни сегменти. Најмногу се гази по лимузините.

Ford Granada во 1970-те и 1980-те возеше во вишата класа. Наследникот Scorpio никогаш не ја достигна позицијата што ја уживаше Granada

Ford Granada 1972

Без разлика дали се нарекуваат лимузина, берлина или седан, тие со децении доминираа во уличната слика, во Јапонија, во Франција, Италија или Кина. Во нив сé си имаше свое место. Простор за мотор, патничка кабина, посебен простор за багаж. Кога порано ќе го отворевме багажникот, од кабината никој не врескаше, зашто доаѓал студ оттаму.

Во денешното „едноСУВие“, дури и најубедените авто-ентузијасти може да се посрамотат ако барем малку не се наѕира маската или логото на автомобилот. Сé е исто, кутиесто. Повеќе не станува збор за тренд, туку за диктатура. Мора да биде СУВ, друго како да не постои. Нив ги има секаде, кај скапите и кај евтините марки, кај луксузните и суперспортските марки, на база на Polo или на база на S-Class. Кабриолети, купе-теренци, женски, полу женски, полу нешто, во двојно пакување.

Просторот им се стеснува и на комбилимузините и купеата, а особено на комби-изведбите. Последниве успеваат да го задржат уделот во продажбата само во неколку држави, како Англија, Германија, Швајцарија, Австрија или Италија. Но, повеќе никој не се сомнева дека и со нив ќе се случи истото како во САД, нивниот некогашниот главен пазар. Од другата страна на океанот, комби-изведбите веќе одамна се заменети со СУВ или кросовери.

Остануваат единствено лимузините од премиум марките

Типичните лимузини како Ford Granada, Fiat 131, или самоуверениот Opel Senator и мултинаменската Volkswagen Jetta, веќе одамна немаат наследници. Класичната триделна форма денес успева само таму кадешто се големи имиџот или марката. Тоа е случај со серијата 7 на BMW во луксузната класа, со Mercedes E-Class во вишата класа или со Audi A4 во средната класа.

Chrysler New Yorker од 1963 година

Chrysler NewYorker 1963

Марките чиишто модели беа синоним за лумузина, повеќе не може да се надеваат на истиот или барем некаков успех на пазарот. Fiat Tipo е далеку од успехот на Fiat Regata, исто како Toyota Avensis покрај легендарната Carina или Peugeot 508 во споредба со Peugeot 504.

Бројките од продажбата се алармантни. Во САД во 2010 година се продале близу 450.000 големи лимузини, додека лани нивниот број е речиси преполовен, на 260.000 примероци. Без големите попусти, немаше да се постигне ниту толку.

Но, зошто СУВ кутиите и кросоверите се толку успешни? Затоа што тоа е единствената промена што ја препознаваат купувачите. Новите генерации модели веќе одамна не пристигаат со револуционерни решенија, нова технологија, нови мотори. Разликата меѓу „голф икс“ и „голф ипсилон“ се сведува на пречникот на средишиот дисплеј, на неколку сензори и радари што испорачуваат податоци до системите за асистенција од кои нормалните возачи немаат корист, на поврзувањето на средишниот дисплеј и копчињата на воланот со паметниот телефон. Значи, единствената промена се случува во формата на каросеријата.

На производителите им одговара да ја надуваат каросеријата, да додадат неколку пластични лајсни, да пуштат ТВ-реклами на пет минути, и сето тоа да го наплатат неколку илјади евра поскапо од старите и добри комбилимузини, лимузини и комби-изведби. Некој спомна наивност?

Но, секако дека (и) овие денешни теренци и кросовери ќе го достигнат својот зенит, односно ќе бидат заменети со некој нов концепт. Браншата е буквално пред експлозија, каросериите на следните генерации модели одвај додржуваат од што се преполнети со нова технологија. Електричен погон, водороден погон, вистинско поврзување на возилата меѓусебно и со патната инфраструктура, нови мобилни услуги, и секако, автономно возење.

Знаеме дури и како ќе изгледаат следните генерации автомобили. Mercedes уште пред три години ја прикажа визијата F 015. Автомобилскиот свет полека, но сé повеќе се приближува до таа визија. A, СУВ манијата? Таа може и да се прескокне. И да се заштедат неколку илјади евра, со обична и добра лимузина.

[tie_slideshow]

Неколку марки и нивните најпознати лимузини

[tie_slide]

Rover P5

Rover P5 од возниот парк на нејзиното височество Кралицата

[/tie_slide]

[tie_slide]

Peugeot 504

Peugeot 504

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Senator 1978-

Opel Senator (1978)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Rekord 1977

Opel Rekord (1977)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Rekord 1966

Opel Rekord (1966)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Kadett 1962

Opel Kadett (1962)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Diplomat-B

Opel Admiral B

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Diplomat 1969-

Opel Diplomat B (1969)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Commodore 1972

Opel Commodore (1972)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Opel-Admiral-A

Opel Admiral A

[/tie_slide]

[tie_slide]

Hyundai Sonata

Hyundai Sonata

[/tie_slide]

[tie_slide]

Honda Legend 1985

Honda Legend (1985)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Honda Accord 1985

Honda Accord (1985)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Fiat Regata 1983

Fiat Regata (1983)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Fiat 131 Supermirafiori 1978-1981

Fiat 131 Supermirafiori (1978)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Fiat 130 2800 Limousine1969-1971

Fiat 130 (1969)

[/tie_slide]

[tie_slide]

Volkswagen Jetta I

Volkswagen Jetta I

[/tie_slide]

[tie_slide]

Chrysler NewYorker 1994

Chrysler New Yorker 1994

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

 

Камионите се подобри олдтајмери

Олдтајмери вредни 20 милиони евра бараат нови сопственици на Техно Класика

На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста

Јубилеј на Mercedes E-Class: 13 милиони од најпродаваниот автомобил со ѕвезда

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen sediste

Volkswagen ја раскина соработката со босанскиот добавувач

шпанците дизел автомобили

Шпанците се придружуваат во отсакувањето на дизелот