Холандската компанија Lightyear кон крајот на јуни ќе го претстави прототипот на својот прв автомобил. Намерата со Lightyear One е да се докаже дека соларните панели може масовно да се применуваат во автомобилската индустрија.
По Sono Motors, на сцената ќе се појави уште еден електричен автомобил кој ја користи енергијата на сонцето за дополнување на батеријата. Lightyear One ќе има премиера кон крајот на следниот месец во Хелмонд, Холандија. Автомобилот со погон на сите тркала наводно е спсобен да мине подолги растојание без потреба од приклучување на полнач.
Зависно од условите, со полна батерија ќе се постигнува досег меѓу 600 и 800 километри, а полнењето ќе биде како кај секој електричен автомобил. Холанѓаните наведуваат дека близу 100 потенцијални купувачи имаат резервација за Lightyear One.
Се ветува два до трипати побрзо полнење отколку кај постоечките електрични автомобили. Во текот на ноќта, преку обичен приклучок за струја може да се постигне наполнетост на батеријата за 400 километри пат.
Голем удел имаат аеродинамичноста на каросеријата и ниската тежина на целото возило. Понатаму, за четирите независни електромотори кои се вградени непосредно до тркалата се наведува дека ги смалуваат загубите од триење во погонската спрега.
Петчлениот тим го разви првиот четирисед на соларен погон Stella и во 2016 година ја основа компанијата Lightyear. Со автомобилот на соларен погон, тие возеа по автопатот покрај брегот на Пацификот од Лос Анџелес до Сан Франциско, со само едно полнење и без грам штетни материи.
Електро-соларен Sono од старата фабрика на Saab
Евтиниот електричен автомобил Sono Sion доживеа премиера во Минхен
Како двајца визионери добија 7.000 нарачки за електро-соларниот автомобил
Соларни автомобили ќе возат 3.000 километри низ Австралија