за

Lexus UX премиерно во Женева

lexus ux

Lexus пристига со една светска и две европски премиери на салонот во Женева, во почетокот на март. Кросоверот Lexus UX внесува свежина во делот од пазарот кадешто возилата во последно време се разликуваат единствено по знакот во маската, кај компактните кросовери.

Во Женева ќе се случи следниот стилски напад на Lexus врз понудата од еднолични кросовери. Престижната марка на Toyota ќе го претстави новиот кросовер UX, чијшто изглед веќе беше најавен преку истоимениот концептен автомобил. Од новиот модел се очекува да го постигне истиот успех во конкуренција на T-Roc & Co., како што во тоа претходно успеаја големите браќа NX и RX.

Lexus UX Concept

Lexus UX станува нов основен модел во понудата на кросовери и ќе се вмеша во ценовниот сегмент меѓу 30 и 35 илјади евра, што ќе значи и нов пораст во продажбата на европскиот пазар. Дополнителен поттик за продажбата ќе биде и сосем извесното присуство на хибридна погонска верзија во понудата. Тоа се потврдува и со моделската ознака 250h на фотографијата со коајшто Lexus ја најавува премиерата на UX во Женева. Уште повпечатливо на фотографијата: Задните светла завршуваат со перки, во стилот на уличните крстосувачи од пред половина век.

Lexus UX е петтиот модел во понудата на кросовери од најпрестижната јапонска марка

Засега само се шпекулира дека хибридниот погон ќе биде комбиниран со 1,8-литарскиот бензинец од Prius и ќе постигнува системска моќност од 122 КС. Во основата, UX би требало да е близок со Toyota C-HR.

Во Европа за првпат се појавува и продолжената верзија на кросоверот од средната класа, Lexus RX L. Со меѓуоскино растојание зголемено за 11 сантиметри се обезбедува простор за вградување трет ред седишта. Флексибилноста на стандардниот модел останува, исто како и препознатливата странична силуета.

Lexus LF-1 Limitless
Lexus LF-1 LimitlessНајмногу внимание се очекува да привлече концептот Lexus LF-1 Limitless, како најава за идниот знаменосец во понудата на кросовери на престижната марка. Место на штандот ќе добие и Lexus RC F Special Edition, како јубилејна серија за десетгодишнината на спортските модели F.

Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило

Lexus LC 500h: Пристојна манифестација на безобразно

Тест: Lexus NX 300h Luxury

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

глајдер камиони америка

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД

Lincoln Navigator

Ford мора да гради втора фабрика за Lincoln Navigator