за

Филм на Lexus: Такуми-мајстор се станува по 60.000 часови работа

Филм на Lexus Такуми-мајстор се станува по 60000 часови работа
Филм на Lexus Такуми-мајстор се станува по 60000 часови работа

По трагите на јапонските такуми-мајстори. На јутјуб-профилот на Lexus е достапен документарецот „Такуми – приказна од 60.000 часови за опстанокот на занаетчиското мајсторство“.

Фасцинантниот документарен филм на режисерот Клеј Џетер ја прикажува долгата традиција на јапонското занаетчиство. Во земјата на изгрејсонцето, мајстор на својот занает се станува дури по 60.000 часови работа. За тоа да се постигне, потребно е да се работи осум часови дневно, 250 денови во годината, 30 години.

Филмот го придружува животот на четворица Јапонци, што се посветиле на својата работа. Едниот е готвач одликуван со две ѕвезди на Michelin, една е уметничка за традиционалното оригами, еден е мајстор во производство на автомобили, а еден е столар во најстарото градежно претпријатие во светот. Тие се угледни „такуми“.

Финансиран од Lexus, документарецот поставува прашање, дали и колку овој долг пат има иднина во времето на вештачката интелигенција, кога машините се попрецизни и побрзи од луѓето. Водител е Нил Мекгрегор, поранешен директор на Британскиот Музеј.

Првото прикажување на ова вредно филмско дело беше на фестивалот DOC HYC во Њујорк лани. Потоа документарецот се емитуваше ексклузивно на Amazon Prime, за ова 54-минутно видео сега да биде достапно без претплата и регистрација.

Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Lexus RX450h

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Rio vozenje

Стара против нова школа: Rio и Polo против 208 и Corsa

Alfa Romeo ќе продава електричен СУВ со техника од Peugeot

Alfa Romeo ќе продава електричен СУВ со техника од Peugeot