за

Канада почнува со производство на Lexus NX во 2022 година

lexus nx производство канада

Канада ќе го презеде целосното производство на бестселерот Lexus NX за северноамериканскиот пазар. Планот е моделот да стартува во фабриката во Кембриџ во 2022 година. Во оваа фабрика пред 15 години е произведен првиот модел на Lexus надвор од Јапонија. Оттаму пристига и RX.

Toyota неодамна најави дека ќе го прошири регионалното производство на новата генерација на Toyota RAV4 во Кембриџ/Канада, а веќе следи уште еден модел од оваа фабрика, Lexus NX. Најуспешната јапонска премиум марка, оттаму ќе го покрива целиот северноамерикански пазар со компактниот СУВ и бестселер. Стартот е најавен за почетокот на 2022 година.

Паралелно со проширувањето на производственото портфолио, Toyota вложува во нова технологија за фабриката во Кембриџ. Пред повеќе од 15 години, оваа фабрика имаше чест прва да започне со производство на Lexus надвор од Јапонија. Оттогаш, во Кембриџ се произведени повеќе од 1,3 милион примероци од Lexus RX. Втората фабрика на јапонската марка во Канада се наоѓа во Вудсток, кадешто RAV4 се произведува регионално повеќе од десет години.

Масивната инвестиција и зајакнувањето на улогата на фабриката ан Toyota во Канада има за цел да се покрие растечката побарувачка за СУВ-модели на северноамериканскиот пазар

Лани Toyota најави инвестиција од 1,4 милијарда канадски долари (околу 930 милиони евра), вклучувајќи и државни и локални фондови. Масивното вложување е со цел фабриката да се приспособи за производство на моделите што се базираат врз новата платформа TNGA. Покрај возните и останатите квалитети на овие модели, платформата нуди предности и во самото производство, конкретно во флексибилноста и ефикасноста.

Toyota произведува во Канада повеќе од 30 години и моментно вработува преку 8.500 лица во погоните во Кембриџ и Вудсток. Од 1985 година, јапонскиот гигант има вложено повеќе од 8,5 милијарди канадски долари во земјата. Во тој период се произведени над осум милиони возила.

Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило

Тест: Lexus ES 300h Luxury

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Golf VIII najava

Сé е по план со Golf VIII, производството започнува во третиот квартал

Land Rover Defender new

На светскиот ден на Land Rover: Новиот Discovery на тест во Кенија