113
16 shares, 113 points

Новиот спортски теренец на Lexus ќе изгледа слично на студискиот автомобил што предизвика многу контроверзи при премиерата во Франкфурт. Или е потребно само привикнување?

Престижната марка на Toyota отсекогаш отстапувала од воспоставените стандарди во браншата во поглед на погонот и иновативните технологии. Хибридниот погон и генијалните системи од типот на клима уред со специјален јонизатор се речиси синоним за Lexus – на страна од издржливоста и квалитетот на изработка. Недостигаше само уште изглед што верно ќе го прикаже таквиот имиџ на марката. Прв сериски модел со новиот дизајн на Lexus беше IS, а сега во истата насока продолжува и спортскиот теренец од средната класа NF.

Дизајнерите го омекнаа изгледот на студијата за серискиот модел

Конкурентот на Mercedes GLK и BMW X3 ќе стартува со продажба наесен, со впечатливиот дизајн што Lexus го најави уште со прикажувањето на студискиот автомобил на салонот во Франкфурт минатата есен. Големата маска остана иста како кај студијата LF-NX, но светлата не изгледаат толку агресивно, исто како и линиите околу крилата.

Внатрешноста ќе биде во стилот на лимузината IS

Меѓуоскиното растојание на серискиот модел NX ќе биде поголемо во споредба со студијата, заради повеќе простор за патниците. Внатрешноста ќе го следи стилот на IS и ќе оддава поубедлив впечаток за квалитет. Средишното ракување преку џојстик останува и во спортскиот теренец, во комбинација со поле за ракување со климатизацијата што реагира на допир и со инструменти со течни кристали.

Бензинец за предните, електромотор за задните тркала

Во поглед на погонот, Lexus NX ќе ги нуди вообичаените бензински мотори и за марката неизбежниот хибриден систем. Продажбата ќе стартува со хибридниот NX 300h, со 2,5-литарски бензинец познат од IS 300h и системска моќност од околу 180 КС. За разлика од лимузината IS, која што во хибридната изведба има погон назад, новиот теренец ќе го користи електромоторот за задните тркала, додека бензинскиот мотор ќе биде задолжен за погон на предната оска.

Комплетно нов дволитарец со турбонатполнење

Подоцна ќе следува и спортската изведба NX 200t, со нов дволитарски бензинец со турбонатполнење и 240 КС, како прв турбобензинец на Lexus и воедно замена за стариот шестцилиндарец со зафатнина од 2,5 литри и моќност од 205 КС. Директното впрскување D-4S и варијабилното управување со брегастите вратила VVT-iw го комплетираат техничкиот арсенал. Новиот мотор со намалена потрошувачка и почист издув ќе се вградува и во лимузината IS.

Фотографии од студијата Lexus LF-NX од салонот во Франкфурт


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

113
16 shares, 113 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730