за

Кој има нешто против 20 метри Lexus?

Lexus LY 650 premiera florida
Lexus LY 650 premiera florida

Lexus отсега може да „вози“ по вода и да биде долг 20 метри. Дизајнот на новата јахта е верен на дизајнот на автомобилите на луксузната марка на Toyota. Има сличност и во ознаките: Додека по земја возат LC и LS како најистакнати претставници на марката, по вода тоа го прави LY 650.

Првата луксузна јахта на Lexus имаше премиера во Бока Ратон, во сојузната американска држава Флодира. Намерата беше најавена уште во јануари 2017 година, преку студијата Lexus Sport Yacht. Таму кадешто беше потребна асистенција однадвор, пристигнаа на помош специјалистите од италијанската дизајнерска куќа Nuvolari Lenard. Исто како автомобилите, јахтата е создадена со цел да обезбеди пријатно чувство, врвна изработка и издржливост.

Уште еден специјалист, Marquis Yachts LLC, беше изработен за трупот – кој целосно е изработен од карбон. Lexus LY 650 се изработува рачно во погоните на оваа компанија во Пуласки, во сојузната држава Висконсин. Стандардите за квалитет во работата се преземени од Lexus. Кон крајот на следниот месец, LY 650 ќе биде претставена и пред публиката на престижчниот „Fort Lauderdale International Boat Show“ во Флорида.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во внатрешноста се почитувани начелата на „омотенаши“, јапонски збор за гостопримство. Преовладува белата боја, додека елегантните линии и вештото осветлување создаваат чувство на згриженост на безбедно. Во салонот се наоѓа капетанско седиште и софи што се завртени нанапред. Долу има три спални соби, високи над два метри, секоја опремена со посебен туш.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сите системи се поврзани во заедничка мрежа и капетанот, на пример, добива текст-порака на мобилниот телефон во случај на каква било неисправност. Преку мобилна апликација се управува и со климата или осветлувањето. Капетанот од своето место управува преку дисплеи на допир. Секако дека озвучувањето е работа на Mark Levinson, традиционалниот партнер на Lexus.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Пазарен старт: 30-ти октомври 2019

Спецификации · Lexus LY 650

  • Вкупна должина 19,94 m
  • Најголема ширина 5,76 m
  • Екипаж до 15 лица
  • Мотори · два Volvo Penta IPS, со по 1.350, 1.200 или 1.050 КС
  • Зафатнина на резервоар за гориво 4.012 l
  • Зафатнина на питка вода 852 l
  • Кабини 3
  • Лежаи 6
  • Цена: Од 4 милиони евра
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i3s grad

BMW i3 ја исполни мисијата, наследникот со инаков концепт

Volvo S60

Лимузината S60 e прв модел на Volvo без дизел мотори