за

Lexus почнува со тестирање на знаменосецот LS со погон на водород

лексус лс водороден погон прототип
лексус лс водороден погон прототип

Маскирана изведба на знаменосецот на Lexus го привлече вниманието на профи-фотографите што ловат прототипи во тестирање. Фактот што престижната лимузина се појавува маскирана, иако истата веќе извесно време е во редовна продажба, само e порака до сцената: Lexus LS наскоро доаѓа во изведба со погон на водород, како што беше најавено уште кога возилото беше салонска студија.

Lexus на салонот во Токио во 2015 година го престави студискиот автомобил LF-FC, како најава за петтата генерација на знаменосецот LS, која што стартуваше со продажба неполни две години подоцна. Елегантната лимузина се појави со впечатлив дизајн, но тоа што многу повеќе го привлекуваше вниманието на публиката – и на конкурентите, секако – беше погонот во возилото. Lexus LF-FC поседуваше горивни ќелии, односно погон на водород.

Motor1 прв ги објави шпионските фотографии од маскираниот Lexus LS во Аризона, иако е јасно дека Јапонците воопшто немаат намера да го држат во тајност идниот водороден автомобил

Lexus LS веќе постигнува шампионски продажби, првенствено на пазарот во САД, секако вклучувајќи ја и изведбата со хибриден погон. Но, како што навестуваат маскираните прототипи од големата лимузина, наскоро во неа ќе проработи и водородниот погон, каков што поседуваше студискиот автомобил од салонот Токио ’15.

Lexus LF-1 Limitless
Тоа ќе биде заокружувањето на врвот во понудата на Lexus, луксузен кросовер покрај LS, LC и LC Convertible, најавен како студија LF-1 Limitless; Можно е дека водородниот погон се тестира во LS токму за него

Погонот што испушта само неколку капки чиста вода не е нов во Toyota. Јапонците веќе со години го продаваат Mirai, од когошто досега се произведени неколку илјади примероци. Прашањето е зошто Lexus ја тестира технологијата во постоечки модел, за кого што и воопшто не било потребно да е маскиран. Мала е веројатноста дека водородниот погон би пристигнал во LS и во Lexus при евентуално моделско освежување на лимузината. Затоа, пак, поверојатно е дека се усовршува работата на техниката со платформата TNGA-L, којашто ќе биде основа и за идниот голем кросовер покрај LS и купе и кабриолет изведбата на LC.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричното лондонско такси достигна 2.500 примероци

Електричното лондонско такси достигна 2.500 примероци

mitsubishi-4-mio-izvoz-tajland

Mitsubishi извезе четири милиони автомобили од Тајланд