за

Lexus LF-30 или зошто Јапонците не мислат да се откажат од авто-салоните

Lexus LF-30 токио мотор шоу
Lexus LF-30 токио мотор шоу

Користењето на енергијата во батеријата е највообичаената работа во студијата на Lexus за салонот во Токио. Затоа, сé друго е невообичаено, од дрон што ги донесува куферите, до странични прозорци што всушност служат како дисплеи или боја што е повеќе слој метал отколку боја. Значи, Lexus LF-30.

Автомобилската сцена во најголема мера се темели врз соништа и визии, тоа го задржува вниманието. Производителите на автомобили се тука да ги поттикнат и нахранат тие соништа. Така во основа функционира автомобилскиот свет. Најубавото изненадување годинава пристига од салонот во Токио, кадешто се покажува дека авто-светот уште функционира според старата матрица. Тоа е спротивно од салоните во Европа и САД, на коишто единствено се лансираат нови СУВ-изведби и една иста техника се вградува во колку е можно повеќе марки. Затоа и ИАА во Франкфурт во минатиот месец го имаше последното класично автомобилско издание.

Значи, Lexus на 46-то Токио Мотор Шоу. Луксузната марка на Toyota прикажува студија на електрични возила од следната генерација, Lexus LF-30 Electrified Concept. Електрификацијата е впишана во генот на марката, уште од лансирањето на хибридниот RX 400h во 2005 година. Кажано поинаку, ништо не го менува фактот дека Lexus е пионер на електрификацијата на погонот – иако повеќето премиум-конкуренти денес нудат погон само на струја.

Затоа и преоѓањето на електричен погон ќе се одвива мошне брзо во Lexus. Засега, техничарите и дизајнерите уште си „играат“ и го прикажуваат овој визионерски електромобил во Токио. Но, тоа што изгледа како игра, всушност е градење на имиџот. Значи, чисто менаџерска работа.
New photo by Automedia MK / Google Photos

Идејата во Lexus LF-30 е да се понуди исконското уживање во возењето и воедно да се покаже како електричниот погон ќе ги смени возилата во блиска иднина. А, Јапонците за таа цел го користат следниот пристап: Погонот, управувањето, водењето на тркалата и сопирачките се контролираат заеднички. На тој начин, комплетното однесување на возилото се менува според желбата на возачот и патниците – тоа е следна фаза на програмите за возење кои уште сега се достапни во возилата.

Важна најава доаѓа на салонот. Lexus ќе го претстави својот прв автомобил со погон на струја веќе во ноември. Рано во почетокот на следната декада ќе се појави и првиот плагин-хибриден погон на Lexus, за потоа да следи и комплетно нова платформа врз којашто ќе се темелат идните модели со погон на струја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Lexus го опишува изгледот на LF-30 како футуристички и артистички. Внатрешноста е приспособено за автопилотираното возење и за останатите технологии што допрво ќе пристигаат.

Транспарентноста на страничните прозорци се приспособува, додека бојата на „носот“ им кажува на останатите учесници во сообраќајот дали возилото во моментот е управувано од компјутер или од човек. Бојата на каросериајта на студијата исто така е посебна приказна: Lexus ја нарекува „волтаичко небо“ и таа повеќе е слој метал што е нанесен врз каросеријата, отколку што е класична боја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кокпитот се базира врз „tazuna“, јапонски поим за разбирањето што се воспоставува меѓу јавачот и коњот. Во основа, проекцискиот дисплеј му помага на возачот да ракува со копчињата на воланот без тој да го оттргнува погледот од патот. На тоа се надоврзува и нова генерација на ситемот за ракување преку гестикулација, како и прикажување информации во форма на унапредена реалност.

Звучници вградени во потпирачите за глава, со технологија за поништување на околните звуци

Совозачкото седиште е изведено по пример на прва класа во авион, со лесен пристап до одредени функции на возилото и со голем дисплеј со когошто се ракува преку гестикулација. Задните седишта, пак, користат таканаречена технологија на вештачки мускули, со цел да се приспособат според телото. Во така средена атмосфера, секако дека Lexus не го пропушта својата омилена марка за аудио-езотерија, Mark Levinson.

Со стаклениот покрив назад се ракува со гласовна команда, а на страничните прозорци се прикажуваат информации, се гледа филм или се ужива во можностите на унапредената реалност, како што е „додавање“ ѕвезди на небото.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За Јапонците, напредуваат и материјалите. Во Lexus LF-30 се вградуваат материјали од обновливи извори, како традиционален кедар (yakisugi) на подот и на воланот. Како уште една посебност, облогите на вратите се изработени од „влакна“ од рециклиран метал.

Toyota и Lexus сепак се повеќе вљубеници во погонот. LF-30 поседува електромотор во секое тркало, што во комбинација со ниско вградената батерија дозволува врвни возни својства и уживање за возачот и патниците. Има и дрон, кој го испитува патот пред возилото и соодветно информира.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Погонот може да биде напред, назад, на сите тркала, па и само на едно тркало, ако така бараат условите на патот и ситуацијата. Воланот повеќе не користи механичка врска со управувањето на тркалата, што исто така дозволува поголема флексибилност. Секако, воланот може да се вовлече во кокпитот или да се помести настрана, да на „пречи“ додека управува автопилотот.

Батеријата се полни безжично, со помош на вештачка интелигенција што се грижи енергијата во батеријата да се вклучи во куќниот енергетски систем. Компјутерите во возилото го распознаваат и гласот на патниците и соодветно ги вклучуваат функциите што се бараат преку гласовна контрола.

Впечатлива функција е „Lexus Airporter“, односно дрон кој помага куферите да се пренесат од куќниот праг до возилото. Можноста возилото да се пушти само да паркира веќе се чини како сосем обична функција, исто како и можноста возилото само да довози до куќниот праг.

Технички податоци · Lexus LF-30 Electrified

New photo by Automedia MK / Google Photos
  • Должина (mm) 5,090
  • Ширина (mm) 1,995
  • Висина (mm) 1,600
  • Меѓуоскино растојание (mm) 3,200
  • Тежина (kg) 2,400
  • Досег [WLTP] (km) 500
  • Батерија (kWh) 110
  • Полнење (kW) 150
  • 0-100 km/h (s) 3.8
  • Крајна брзина (km/h) 200
  • Моќност (kW) / вртежен момент (Nm) 400 / 700
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

 

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Фабрички видеа од Lexus LF-30 Electrified

Тест: Lexus ES 300h Luxury

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

dodge power dollars uspesno

Dodge им продава на Американците со 10 долари попуст за секоја КС

bmw alpina b3 limuzina tokio

BMW Alpina B3 премиерно на Токио Мотор Шоу