135
23 shares, 135 points

Новиот концептен автомобил на Lexus непогрешливо асоцира на јапонски меч, на зажарен метал што се кова во еден од најпрепознатливите белези на тамошното мајсторство. Луксузната марка во последниве години искова цела нова серија автомобилски катани: LC, LS, претходно NX и RX. Со премиерата на концептот LF-1 со додавка Limitless на салонот во Детроит, Lexus укажува дека веќе е наложен огнот за следното мајсторство.

Серискиот модел што ќе произлезе од LF-1 ќе биде новиот член во врвната репрезентација на марката, како луксузен кросовер покрај лумузината LS и купето LC. Со претставувањето на верзијата на RX со седум седишта, Lexus практично го замени џиновскиот GX. До заокружувањето на обновата на гамата преостанува само уште постоечкиот LX, кој во основата е Toyota Landcruiser. Од сите претпоставки околу реализацијата на LF-1 во сериски модел, најверојатно е дека од концептот ќе произлезе купе-верзија од големиот кросовер што треба да пристигне на местото на сегашниот LX.

Lexus LF-1 Limitless 9

Додавката Limitless се однесува на погонот. LF-1 може да вози со горивни ќелии, хибрид, плагин хибрид, бензин, струја. Оваа флексибилност во изборот на погонскиот вид ја дозволува конструкцијата на возилото. До 2025 година, секој модел на Lexus ќе биде достапен како засебен електричен автомобил или ќе се нуди во верзија со електричен погон.

Стилот на петметарскиот кросовер е дело на дизајнерската работилница во Калифорнија. Низ формите се провлекува идејата за „стопена катана“. Со тоа се мисли на комбинацијата од органски форми на растопен метал и остри рабови на традиционален јапонски меч. Резултатот е профил што повеќе личи на спортско купе отколку на комби, со кабина што е поместена далеку наназад, да „натежне“ врз погонската задна оска.

Нема хромирани украси, светкањето е задача на диодните светла

Дизајнот на LF-1 е натамошна разработка на шемата што ги претвори NX-RX-LC-LS во стилски икони во своите сегменти. Маската и натаму доминира, дизајнерите имаат посебна приказна за секоја линија. Впечатливи детали се страничните отвори во опашот кои изгледаат како предимензионирани издувни цевки, а всушност се канали за спроведување на воздухот.

Lexus LF-1 Limitless 1

Внатрешноста е изработена по пример на јапонската традиција на „омотенаши“ или по нашки гостопримливост. Прстите на возачот не мораат да лутаат по кокпитот, ракувањето се врши единствено преку гестикулација. Заради контрола, малечок дисплеј ѕирка напред. Сите патници го имаат задоволството да седат на исти седишта. Нивната основа може да се издолжи, а имаат и дисплеи за местење на климатизацијата или премотување на филмот.

Во боја на шампањ, Lexus LF-1 веќе го прославува идниот сериски модел на врвот на понудата од кросовери

Металните украси се во боја на шампањ, исто како и каросеријата, но имаат сатенски финиш што го „стоплува“ металот на допир и на око. По притискањето на копчето за старт следува светлечко шоу, во сценарио што зависи од избраниот модус за возење. Како нова играчка на дизајнерите, во дрвениот под се вградени минијатурни диоди, кои исто така имаат сопствено шоу, со различни бои.

Lexus LF-1 Limitless 11

LF-1 може да вози во шоферски модус, што значи како автономно возило од ниво 4, кога вештачката интелигенција управува, забрзува, сопира, пушта светла и дава трепкач. Динамичниот кросовер се покажува во сосема различно светло во спортскиот модус. Сите контроли врз погонската спрега се на воланот, за возачот целосно да се посвети на возењето. Преку рачките зад воланот се контролира забрзувањето. Копчињата во дното на воланот служат за вклучување рикверц или за автоматско паркирање.

Навигацијата сосем очекувано работи во четврта димензија, односно го зема предвид и времето. Системот кажува кога треба да се наполни гориво или да се направи починка, препорачува ресторани, па дури резервира и хотел. Податоците од навигацијата се пренесуваат и на таблетите или телефоните на патниците.

Идејата дека LF-1 е премногу футуристички и претставува само стилска вежба, не е на место. Со неколку „измазнети“ детали, кросоверот веќе се наѕира покрај постоечките LS и LC. Покрај NX и RX, исто така. А, тие не се футуристички, туку веќе на големо се продаваат под знакот на оваа марка.

Lexus LF-1 Limitless

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
23 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743