за

Lexus LC 500h ја наелектризира атмосферата во Гудвуд

Lexus LC 500h

Престижното купе Lexus LC 500h продолжува во насоката што ја постави LFA, но во неколку степени пониско. Јапонците тука за првпат користат повеќестепен хибриден погон, со цел да се постигне поспортски впечаток. Сето тоа LC го покажа пред многубројната публика на Фестивалот на брзината во Гудвуд.

Фестивалот на брзината во Гудвуд за едни е легален начин да се нарушат мирот и спокојството, додека за илјадници други е одлична можност за семејна посета на автомобилска трка. Од друга страна, производителите сé почесто го користат овој собир во организација на Лорд Марч за да ги претстават новите модели. Благородничката марка на Toyota годинава го претстави Lexus LC 500h, спортско купе од висока класа. Со хибриден погон, секако.

Lexus LC 500h располага со системска моќност од 354 КС

Изведбата со обичен погон LC 500 вози со познатиот петлитарски V8 со 477 КС. Оваа моќност се пренесува на задната оска преку нов автоматски менувач со десет степени. Хибридниот LC 500h има два цилиндра помалку и работна зафатнина од 3,5 литри. Во комбинација со електромотор се постигнува системска моќност од 354 КС

Lexus за првпат во овој модел вградува таканаречен повеќестепен хибриден систем MSHD. Според јапонскиот специјалист за погон со две срца, оваа варијанта на хибридниот погон е повеќе насочена кон динамика. Престижниот гран-туризмо беше прикажан во Гудвуд во рамките на специјалната програма „First Glance“. Не беше пропуштено ниту парадно возење на легендарниот „Hill Climb

https://www.facebook.com/festivalofspeed/videos/1486864454690871/

Сопствениците на престижните модели со хибриден погон на Lexus досега обично забележуваа за отсуството на спортски дух во возењето. Тоа се надминува со повеќестепениот хибриден погон MSHD. Погонот сега реагира подиректно на педалот за гас и командата побрзо се спроведува во динамично забрзување. Спринтот до сто трае помалку од пет секунди. Хибридното купе ги увери посетителите на собирот на Лорд Марч во своите способности, иако не се пласираше меѓу најбрзите пет автомобили на ридската патека во Гудвуд.

Благородното купе ја дели платформата со новата генерација на знаменосецот LS

Платформата што ја користи LC е оптимирана првенствено за заден погон и треба да понуди најдобар сооднос меѓу перформансите и потрошувачката. Познатиот V6 во LC 500h поседува 300 КС и вртежен момент од 348 њутнметри. На тоа се надврзуваат електромотор, литиум-јонски батерии, но и четиристепен автоматик. Lexus за првпат во модел од оваа класа дозволува возачот мануелно да ги менува степените на пренос.

https://www.facebook.com/LexusUK/posts/1541003342617531

За погонската спрега се користи трансакцијална конструкција, што значи дека менувачот е вграден на самата задна оска. На тој начин се постигнува правилна распределба на тежината. Покрај тоа, во каросеријата се користат повеќе елементи од карбон и алуминиум, што покрај намалување на тежината го спушта и тежиштето. Според норма, хибридниот LC троши 6,4 литри гориво на сто километри, односно дури двапати помалку отколку класичната верзија LC 500 со осумцилиндарец и 11,5 литри на сто километри.

Цените на купето Lexus LC почнуваат од околу 110.000 евра. Тоа е мошне блиску до конкурентот Mercedes S-Class Coupe. Јапонската марка во Гудвуд ги прикажа и спортските верзии F од своите теренци RX и NX. Секако дека од ваков настан не смее да отсуствува и спортското купе Lexus RC F. Повеќе од 200 илјади публика можеа повторно да го видат и хиперболидот Lexus LFA, во категоријата Shoot-Out, резервирана за врвните креации на четири тркала.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3

Илон Маск в недела со датум за премиерата на Tesla Model 3

Mercedes S-Class

Mercedes S-Class ќе вози сам од фабрика до сопственикот?