143
19 shares, 143 points

Овој Lexus LC 500h прави секој ентузијаст што ќе се најде зад воланот да се запраша дали воведувањето на мекдоналдс-производството е најдоброто што можело да му се случи на автомобилскиот свет досега. Како што минуваат километрите во возење, човек следно ќе се запраша и каква е смислата од натамошното опстојување на стотиците автомобилски марки, кога активноста денес им се сведува на всадување еден ист мотор со различна доза на турбо-потхрана во цела моделска гама, на испрчување гигантски таблети среде кокпитот и нафрлување камери за вештачката интелигенција да ги задоволи воајерските нагони зјапајќи во сообраќајот наоколу.

Вистина, колку автомобилскиов свет би бил поразличен доколку би постоел само Lexus LC 500h? Апсолутно не би постоела разлика. Ова дразнително купе повеќе од солидно го претставува врвот во инженерингот и во културата на креирањето автомобили, и не е најскап или најбрз само затоа што Јапонците не гледаат потреба од тоа. Не повеќе. Еднаш постоеше Lexus LFA, произведен во серија од петстотини примероци и секој од нив со цена од најмалку 400.000 евра. Сé се продаде, што треба уште да се докажува?

LC 500h е првиот хибрид на Lexus што може (или смее) да направи „шкрипка“

Сепак би постоела потреба од уште еден автомобил, заради репер и споредување. И заради воспоставување база за завист, онаа позитивна што ја потхранува амбицијата. Можеби би било најчесно тој втор автомобил да биде Corolla, што впрочем и не е далеку од реалноста, затоа што тој е веќе најпродаваниот автомобил во светот.

Погодувате зошто спортските марки продаваат повеќе теренци отколку купеа?

Најдоброто во сета оваа утопија би било во тоа што дизел моторот не би постоел. Или француски „голф“ за поевтино, исто како и холивудски комедијанти на електричен погон што повеќе ветуваат отколку што остваруваат. Има некој видено „корејци“ што се замислуваат похибридни од Toyota?

Lexus LC 500h
Lexus LC има впечатлива, но не и дрска појава. Технолошката надмоќ предизвикува средината да го набљудува немо

И повторно, дизел. Сте се обиделе да го пронајдете одговорот зошто спортските и благородничките марки денес не само што нудат, туку и продаваат повеќе теренци отколку купеа и родстери? Мошне е едноставно. Во Porsche Cayenne, Bentley Bentayga или Maserati Levante се нуди дизел, и тоа одговара. Автомобилот се избира заради марката, формата не е важна, но најважно е да биде дизел. Истото важи и за Panamera. Но, колку ли само ќе пораснеше продажбата со Porsche 911 DS2, место со 911 RS2?

Хибридниот погон на Lexus ги спаси спортските автомобили

Некои производители бездушно го посадија општоевропскиот трактор-мотор каде што не му е местото. Кај Баварците веќе подолго од две години може да се нарача BMW 640d, во купе, а уште подобро, во кабриолет изведба. Штом можеше BMW, останатите немаше да се воздржуваат долго. За потсетување, дизелот (во автомобилите и во Европа) уште постои единствено поради тоа што цели синџири добавувачи на автомобилската индустрија зависат од него.

Фатете го натрапникот: BMW 640d, како спортско купе и кабриолет – со дизел

Но, дванаесетте години на хибридниот погон во Lexus (заедно со 20-те години во Toyota) направија дизелот во спортските автомобили да изгледа гротескно. Погонот со две срца всушност ги спаси спортските автомобили, барем оние што се возат по улица, место со децении да чмајат во климатизирана гаража. NSX и i8 продолжуваат да ги негуваат спортските гени на своите марки само благодарение на помошта од електромоторите, а откако дизелот ќе биде конечно „осуден“, на Porsche ќе му преостанат двете хибридни изведби на Panamera, 4E-Hybrid и Turbo S E-Hybrid.

Во врвната лига е пресудено уште одамна. Mercedes-AMG Project One, Aston Martin Valkyrie, идниот McLaren BP23, наследникот на Bugatti Veyron, сé е хибрид. Ferrari LaFerrari и Koenigsegg Regera, исто така. Во вакво опкружување, Lexus LC 500h е речиси „секојдневен“ автомобил, од 100.000 евра.

Евро-фановите секогаш брзаат да го постават Lexus во стандардна рамка, да го споредуваат

Секојдневен, колку што се Mercedes S-Coupe или серијата 6 на BMW. Но, некако се чини дека јапонското Luxury Coupe се издвојува во овој двоец на дебели и снобовски купеа за кардиохирурзи на Шварцвалд. На Lexus LC повеќе му одговара да се најде покрај Aston Martin V8 Vantage, Maserati GranTurismo или Mercedes-AMG GT. Покрај 911 Carrera, и вака и така.

Светот, барем европскиов, не е особено фер кон Lexus. Секогаш кога ќе се спомне престижната марка на Toyota, прво се прави обид нејзините модели да се постават во некаква рамка, да се споредуваат според локалните стандарди. Самобендисаност.

Самураите положиле по еден меч на секоја страна на покривот. Јапонската традиција е импресивна

Lexus не е дрво без корен. Тоа е исто како карате и кенџуцу да се доведуваат во корелација со долга магарица и фрлање чатал, или подготовката на маки-суши да се примени при киселење зелка. Ова што го прикажува Lexus LC, како купе-знаменосец на марката, најреално е да се разбере како симбиоза на сите јапонски боречки вештини, музички перформанси, уметности во аранжирање цвеќе, архитектурни обележја и занаетчиски форми – на сé јапонско.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Неколку факти за Lexus LC 500h

  • Претставен како купе-знаменосец на Салонот во Детроит во 2016 година, во моделска изведба LC 500 со петлитарски V8

  • Прв модел со новата платформа со заден погон GA-L (глобална архитектура за луксузни модели): Мотор зад предната оска, поместување на потешките компоненти колку е можно поблиску до центарот на возилото, ниско тежиште, куси каросериски превиси; овозможува и примена на помека амортизација

  • Хауба и крила од алуминиум, карбоноска рамка на врати со алуминиумска облога, заден капак од фиберглас зајакнат со карбон, лежишта на амортизери од алуминиум; повисока каросериска крутост и од LFA

  • Активен заден спојлер над 80 km/h

  • Конструкцијата на предната оска со две горни и долни водилки овозможи вградување бандажи со голем пречник, при мала висина на хаубата – прв модел во сегментот со бандажи од 21 инч (опција); Водилките поседуваат двојни топчести зглобови, заради прецизна повратна информација во управувањето; Горните водилки се од алуминиум

[/tie_slide]

[tie_slide]

… уште неколку факти за Lexus LC 500h

  • Компактни трикратни ЛЕД-светла, дневно светло во форма на стрела

  • Дизајнот потекнува од студијата LF-LC од 2012 година, со којашто беше најавено новото поглавје во производството и конструирањето на моделите на Lexus

  • LC 500h е првиот хибриден модел на Lexus со повеќекратен пренос, наменет за спортските модели: Повисока моќност и ефикасност, повеќе уживање во возење поради отсуството на завивањето при забрзување

  • Хибридната погонска спрега: 3,5 литарски V6, електромотор, литиум-јон батерија, дополнителен четиристепен автоматски менувач во погонската спрега, покрај безстепениот менувач: Спринт до темпо сто за помалку од 5 секунди; Полесниот електромотор и новата батерија ја компензираат тежината од автоматскиот менувач

  • За првпат модус M, за мануелно менување на степените

  • Посебни канали во сите крила, задниот дифузор и активниот заден спојлер во највисокото ниво на опрема ја зголемуваат стабилноста при високи брзини

  • Возачкото седиште е позиционирано блиску до тежиштето на возилото, за возачот да добие оптимална повратна информација

  • Дебелината на обрачот е различна по обемот на воланот

  • Палките за промена на степен на воланот се изработени од магнезиумска легура

  • Ракувањето со функциите на средишниот дисплеј се врши преку поле чувствително на допир

[/tie_slide]

[tie_slide]

… и само уште неколку факти за Lexus LC 500h

  • Мултимедискиот систем поседува особено брз и флексибилен софтвер, со преработен графични интерфејс; Во LC 500h стандардно следува освучување Mark Levinson

  • Кожата на средишната конзола и на арматурната табла, како и штеповите на облогите во вратите се опшиени рачно од прочуените такуми-мајстори

  • Системи за асистенција: Камера, радар со микробранови, препознавање пешак на пат, активен темпомат, следење лента, автоматско долго светло

  • Комплетно нова конструкција на седиштата; лично ангажиран шефот на проектот Коџи Сато

  • Управување на обете оски (во ниво Sport Premium): По правило, задните тркала до 80 km/h се вртат во спротивен правец со предните, над 80 km/h се вртат во ист правец

  • Преку комбинирање на звуците од вшмукувачкиот тракт и од издувниот лонец се зајакнува звукот од моторот во кабината; дополнително влијаат варијабилните вентили во издувниот систем

  • Производството се одвива во Мотомачи, истата фабрика во којашто рачно се изработуваше LFA; прочуените такуми-мајстори го изработуваат LC

[/tie_slide]

[tie_slide]

…и за крај, уште неколку факти за Lexus LC 500h

  • Рачката на менувачот е изработена рачно, со специјална метода за штеповите да не се гледаат

  • Пластика, односно вештачки материјали не може да се видат во ентериерот, бидејќи сите површини се обложени

  • Акио Тојода лично има дадено придонес во развојот на LC; по возењето на снег по патеката Шибецу, тој предложил мерки за подобрување на возните својства

  • LC 500h е прв модел на Lexus кадешто задните тркала може да пролизгаат при поаѓање

  • Производството за европскиот пазар започна на 29-ти мај годинава

[/tie_slide]

[tie_slide]

Технички податоци · Lexus LC 500h

Димензии Д х Ш х В 4770 х 1920 х 1345 mm, меѓуоскино растојание 2870 mm, ширина на трага напред 1630 mm, назад 1635 mm, отпор на воздух 0,33, растојание од подлога 140 mm, празно возило 1985-2020 kg, дозволена тежина 2445 kg, багажник 172 литри, резервоар 82 литри, распределба на тежина 51:49

Мотор 8GR-FXS, V6, 24 вентили, dohc, VVT-iW (вшмукување), VVT-i (издув), пречник и од 94 х 83 mm, зафатнина 3456 ccm, компресија 13,0:1, впрскување гориво EFI, D-4S, атмосферски мотор, Euro 6, моќност 299 КС при 6600/min, вртежен момент 348 Nm при 4900/min

Електромотор Моќност 179 КС, вртежен момент 300 Nm

Батерија Тип литиум-јон, номинален напон 310,8 V, број на ќелии 94, системски напон 650 V, моќност 44,6 kW, тежина 50 kg (-20%)

Системска моќност 359 КС

Подвозје Напред сопирачки дискови, вентилирани 337,8 х 36 mm, назад 308,2 х 30 mm, водење на предните и задните тркала со повеќе водилки, електромеханичко сервоуправување, гуми 245/40 RF21 напред, 275/35 RF21 назад

Перформанси Крајна брзина 250 km/h, забрзување 0-100 km/h за 5,0 s

Потрошувачка на гориво Град 7,3 / пат 6,0 / просек 6,5 L/100 km, емисија CO2 148 g/km

[/tie_slide]

[tie_slide]

ЦЕНИ ЗА LEXUS LC 500h

Luxury · 107.000 евра
Sport · 114.000 евра

Дополнително со бандажи од 20 инчи, спортски седишта со изразена контура, седишта и конзола во алкантара, електрика за местење на седиштата, покрив од карбон

Sport Premium · 124.000 евра

Тест-автомобил: Дополнително со бандажи од 21 инч, врати и покрив во алкантара, озвучување Mark Levinson, карбонски прагови, активен заден спојлер, управување со променлив преносен однос, управувана задна оска, приспособлива суспензија со избор од 5 степени на работа

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Впечатоци од возењето: Lexus LC 500h изгледа убаво, вози добро и брзо, има многу опрема, изработен е квалитетно, не троши многу, има и шестгодишна гаранција. Ова е сепак премногу сериозен автомобил, за издржани критики да би можеле да се изнесат по вообичаената форма на еден-резервоар-тест.

Lexus е смирен, речиси здодевен? Еве како „звучи“ неговото вистинско потекло:

Неколку детали сепак се издвојуваат: Со двојната трансмисија, односно со четиристепениот автоматски менувач кој е додаден во погонската спрега, покрај безстепениот менувач, избегнато е завивањето коешто се јавуваше кај претходните генерации при посилно забрзување; Седењето е фантастично; Управувањето на четири тркала, дополнително со променлив преносен однос, како да воспоставува телепатска врска со возачот, без разлика дали се работи за возење и маневрирање низ град или за пристојно бркање по свијоци; Подвозјето постигнува несфатливо погоден баланс меѓу лимузински комфор и врвна спортска динамика; За радиото кажуваат дека работело добро.

[tie_slideshow]

[tie_slide]  | LC покажува филигранска линија наспроти дебелите и снобовски купеа од Минхен и Штутгарт [/tie_slide]

[tie_slide]  | Светлата изведуваат цела претстава. И функционираат одлично. Тоа е важно за GT кој се вози заради возењето, па заради „познати“ причини и ноќе [/tie_slide]

[tie_slide]  | Ништо спектакуларно, се е спектакуларно: Овој дизајн е роден во реален свет, место на компјутер[/tie_slide]

[tie_slide]

 | Седење како терапија. Обрачот на воланот има различна дебелина по обемот – уште едно достигнување на такуми-мајсторите. Овој волан не видел компјутер [/tie_slide]

[tie_slide]

| Командната централа: Колку што има положби за подвозјето, толку има и карактери во овој автомобил – но со многу подрастични разлики. Ова не е шминка [/tie_slide]

[tie_slide]

| Мотор зад предната оска, задник во линија со тежиштето. Ова не е само купе со хибрид, туку е пристојно спортско купе со хибрид. Во улична терминологија: Овој Lexus LC 500h е „кучка“ [/tie_slide]

[tie_slide]

| Таков е животот на „гран-туристите“, постојано да се возело. Инаку, видел некој каде исчезна Supra? Или  можеби претходно да ја има сретнато Celica? [/tie_slide]

[/tie_slideshow]


Like it? Share with your friends!

143
19 shares, 143 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730