за

Овие детали прават Lexus LC да биде посебен

Овие детали прават Lexus LC да биде посебен
Овие детали прават Lexus LC да биде посебен

Кај автомобилите од рангот на Lexus LC Coupe, квалитетите не се опишуваат со бројки, туку тие се препознаваат во деталите. Точно тие детали обично решаваат кога купувачите се решаваат за одреден модел, автомобилот преку нив се идентификува како нешто посебно. така почнува „хемијата“ меѓу колата и уживателот во неа.

Тука не станува збор за коњски сили и секунди за спринт до темпо сто, туку за детали и посебни технологии на изработка. Во продолжение се девет точки по кои гран-турерот на Lexus се разликува од останатите модели во сегментот. Тоа се детали чијашто разработка и изведување обично бара исто толку внимание, колку развој на нова технологија во погонот или подвозјето. Значи, зошто Lexus е поскап од останатите и зошто автомобилот го оправдува тоа што ќе се вложи во него?

Структурна сина боја создадена според пример од тропските пеперутки

New item by Automedia MK / Google Photos

Брилијантната сина боја на тропските пеперутки всушност е само ефект од прекршувањето на светлината. Крилјата не ја содржат таа боја. Инженерите на Lexus го имаат тоа во предвид, кога ја создаваа фамозната структурно сина боја. Тајната е во пигментот што содржи микрочестички кои ја рефлектираат светлината исто како крилјата на пеперутките. Кога LC лакиран во оваа боја ќе се погледне од друг агол, автомобилот личи како да е потемен. Зависно од аголот се менува и изгледот на површините. Лакирањето е толку сложено што дневно може да се изработуваат само по три автомобили. Серијата со оваа посебна боја е ограничена на само 300 примероци.

Сите модели на Lexus користат иста форма на маската, но разликата е во деталите

New item by Automedia MK / Google Photos

Сите актуелни модели на Lexus поседуваат „spindle grill“ односно маска што личи како вретено. Но, секој модел одделно поседува различен дизајн. Конкретно кај LC Coupe, маската се состои од стотици блокови што создаваат силен тридимензионален ефект. Шемата се менува по целата површина на маската, блоковите стануваат поголеми и пораздалечени. Посебен детал е тоа што хромираната рамка на маската е прекината во горниот дел, односно хаубата директно преоѓа во маската.

Диодни светла што се двојно потенки од обичните

New item by Automedia MK / Google Photos

Lexus користеше нова технологија за да постигне мали димензии на диодните светла на LC. Применети се поларни елипсовидни леќи што се двојно помали од обичните диодни светилки. Иако се мали, тие постигнуваат совршено осветлување, а во исто време и мошне мали димензии на светлата. Секое светло содржи три проекциски диодни светилки и дневни светла што се во препознатливата L-форма за марката.

Облогите на вратите се изработени како уметничко дело

New item by Automedia MK / Google Photos

Големо внимание е посветено во кабината на LC, особено во облогите на вратите. Тие изгледаат како да се набрани (дамите тоа го нарекуваат драпирање) и се постигнува впечатлива игра на сенки. Детали од хром и контрастни материјали, во комбинација со посебно чувство при допир, учестуваат во создавањето на луксузното чувство.

Рачки што при излегувањето ја осветлуваат површината на вратите

New item by Automedia MK / Google Photos

Lexus првпат вгради впуштени рачки во LC. Кога вратите се затворени, нема ништо да го попречува струењето на воздухот. Кога рачките излегуваат, површината на вратите се осветлува 15 секунди, а кога вратите ќе се затворат повторно, светлината постепено згаснува.

Задни канали за воздух во функција на аеродинамичноста

New item by Automedia MK / Google Photos

За каналите за воздух обично се мисли дека служат за ладење, но тие во Lexus LC имаат и функција за аеродинамичноста. Каналите зад вратите го ублажуваат струењето на воздухот по страниците на каросеријата, со што се смалува отпорот на воздух и воедно бучавата. Инженерите тврдат и дека возачот благодарение на овој систем може подобро да почувствува како задните тркала „притискаат“ врз асфалтот.

Менхетен портокалова боја за кабината

New item by Automedia MK / Google Photos

Lexus воведе боја што ја нарекува менхетен портокалова. Таа навистина е инспирирана од фамозниот ефект што се случува двапати во годината, кога сонцето совршено ќе се поклопи со мрежата од улици во Менхетен. По тој пример, внатрешноста на Lexus LC во оваа боја создава посебно чувство.

Магнезиумски рачки за менување на степените

New item by Automedia MK / Google Photos

Lexus сака возачот да се чувствува како да е една целина со автомобилот, кога ќе седне зад воланот на LC. Во посредувањето на тоа чувство учествуваат и рачките за менување на степените зад воланот. Тие се изработени од магнезиум и имаат форма што совршено одговара за дофат во секоја положба на дланките врз воланот. Секако и совршената изработка учествува во тоа доживување.

Материјалите за каросеријата се лесни, а цврсти

New item by Automedia MK / Google Photos

LC Coupe има совршен баланс, но и изработен е од различни метали и материјали, со цел да се постигнат цврстина и ниска тежина. Хаубата и предните врати се од алуминиум, вратите се комбинација од карбон и алуминиум. Поради нивната ниска тежина, се спушта и тежиштето, а со тоа се постигнува и поголема динамика во возењето.

Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Lexus RX450h
Lexus RX450h

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма

Лука де Мео ќе го враќа Renault во форма

land rover defender voda

Land Rover останува „англискиот пациент“, иднината е неизвесна