121
18 shares, 121 points

Lexus LC се подготвува за еден од најтешките предизвици досега. Знаменосецот во понудата од купеа на марката, годинава ќе вози првпат на 24 часа Нирбургринг. Во средината на мај, LC ќе се појави на стартната линија на 20-километарската комбинација од свијоци, правци, угорнини и удолнини, којашто возачите со право ја нарекуваат Зелениот Пекол. По 46-ти пат, класичарот меѓу маратонските трки ќе проверува дали секоја завртка е димензионирана и стегната како што треба, и дали во жилите на возачите тече доволно бензин.

Без солидно протресување по Нирбургринг, Lexus LC е „само“ неодолив, ексклузивен и близу до беспрекорен гран-туризмо. Но, последната капка што недостига до врвот е место на победничкиот пиедестал. Пред две години, Lexus RC F GT Prototyp стана прв јапонски автомобил што победи на трка во маратон-купот на Нирбургринг.

Цивилниот тркач на долги патеки и „другата страна на LS“ ќе претрпи неколку промени пред битките среде Шварцвалд. Дел од мофицикациите се прават заради усогласување со тркачките спецификации, но ќе има и нови технологии. Како што соопштуваат од Lexus, инженерите и механичарите веќе имаат применето неколку технологии кои уште се наоѓаат во развоен стадиум. Дури откако ќе се докажат на трка, овие технологии ќе почнат да се користат и во сериските модели.

Lexus LC ни приреди пријатно изненадување кога пристигна на демо-тура во Македонија

Posted by Automedia.mk on Thursday, November 16, 2017

Каросеријата е олеснета за неколку килограми и воедно е зголемена нејзината крутост. Вообичаено не се откриваат деталите, туку само се наведува дека преку намалување на триењето е постигната повисока моќност на моторот, а со преправки во аеродинамиката се заштедува гориво. Во екстремни услови ќе се тестира и работата на неколку нови системи за асистенција.

Зад воланот на Lexus LC ќе се менуваат четири возачи: Такеши Цушија како главен возач и подмладокот Тамамицу Мацуи, Наока Гамо и Јуиши Накајама.

Lexus LFA во 2011 година буквално го пролета Нирбургринг

Претходникот LFA имаше неколку славни поглавја на Нирбургринг. Една десетина од вкупната продукција од 500 примероци се испорача со специјалниот нирбургринг-пакет, со 571 КС место 560 КС, преработено подвозје и измени во аеродинамиката. На 31-ви август 2011, ултимативниот тркач на Lexus се извлече од Зелениот Пекол за време од 7:14,64 минути.

Фотографиите сведочат дека LFA повеќе го пролета, отколку што го извозе Нирбургринг.

Lexus LFA Nuerburgring


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

121
18 shares, 121 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *