150
20 shares, 150 points

Lexus в година повторно ќе вози во „Зелениот пекол“. Купето LC трета година по ред ќе стартува на 24-часовниот маратон на Нирбургринг, кој почнува на 21-ви мај. Возењето цело деноноќие на легендарната германска патека претставува посебен предизвик, имајќи предвид дека станува збор за апсолутно најтешката тркачка патека во светот.

Фабричкиот тркачки тим Gazoo Racing учествува на тркачкиот маратон во густата зелена шума уште од 2007 година. Како и во двете претходни години, тимот повторно ќе вози Lexus LC. Инженерите извршија уште неколку подобрувања, за да се исклучи секаква шанса за откажување за време на маратонот по екстремната патека.

Моторот V8 е комплетно преработен и користи твин-турбонатполнење. Аеродинамиката е оптимирана, намалена е тежината и зголемена е крутоста на каросеријата, а извршени се и фини дотерувања во подвозјето и во системите за асистенција.

Исто како и во претходните години, тркачкиот тим се состои од вработени во Toyota и Lexus, кои го изработуваат возилото за трка и потоа самите седнуваат зад воланот. Како главен возач настапува Хироаки Ишиура, кој инаку шести пат ќе вози на патеката што е во близина на замокот Нирбург. Возачката четворка ја комплетираат Масахиро Сасаки, Казуја Ошима и Наоја Гамо. Секако дека сите искуства од тркачкиот маратон се применуваат во развојот на нови модели.

Lexus LC 500h: Пристојна манифестација на безобразно

Lexus LC 500h


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *