Нови модели

Специјална серија за десетгодишнината на Lexus F

Како што Lexus LS им парира на S-Class и A8, така и „F“ им фрла прав на M GmbH и AMG

Кога Lexus стартуваше со моделските изведби F во 2008 година, намерата беше на светот да му се покаже и бесната страна на марката којашто дотогаш ја познававме како префинета, стокмена по протокол, примерна. Оттогаш минаа десет години, а Lexus не само што не мисли да си скроти своите F-модели, туку и ги разлутува.

Пред десет години, Lexus тргна една голема заблуда. Испадна дека претворањето на цивилни автомобили во тркачки машини не било умешност само на M GmbH, AMG или quattro GmbH. Една буква промени многу. F стана синоним за бесниот Lexus, а IS F се покажа како редослед на букви од когошто на M3 му се излева маслото од моторот … (на што и да асоцира тоа).

Lexus RC F, GS F 10th Anniversary 1

Такво достигнување вреди да се одбележи. На салонот во Чикаго ќе се појават две специјални изведби од GS F и RC F во чест на десетгодишнината на „F“. Достапни во ограничена серија, моделите ќе стартуваат со испорака налето.

Lexus RC F, GS F 10th Anniversary 2

Највпечатлива е бојата. И позната е од некаде. Од LFA. Последен пат оваа боја наречена „небула сива“ се појави на ултимативната тркачка машина од Мотомачи. Експертите за бои се погрижија на лакот да му дадат поголема отпорност на секојдневните влијанија, за разликa од LFA, кој не мора да влегува во автоматска автоперална.

Сиво, црно, сино – тоа се боите што му прилегаат на карактерот на „F“

Контраст на мат сивата боја со драматичен ефект даваат црните бандажи, полирани до огледален сјај и облечени во гуми Michelin Pilot Sport PS2. Зад бандажите од 19 инчи ѕиркаат сопирачки клешти во сина боја.

Lexus RC F, GS F 10th Anniversary 6

Тоа е истата боја што дава посебен печат на ентериерот. Но, не е сé во бојата, туку има многу и во материјалот. Тоа што изгледа сино во вратите и врз арматурната табла е всушност карбон, изработен со техника што само Јапонците умеат да ја извежбаат. Како доказ дека сé внатре е склопено и вградено со човечка рака, служи гравираната плочка во конзолата, со серискиот број на возилото.

Lexus RC F, GS F 10th Anniversary 4

Од лимузината GS F ќе се изработат само 100 примероци, купето RC F добива малку повеќе, 240 примероци. Неубавата вест е тоа што овие специјални модели остануваат од другата страна на големата бара. Работата е толку ексклузивна што секој од 240-те дилери на Lexus во САД ќе добијат само по еден примерок од RC F.

Lexus RC F, GS F 10th Anniversary 3

Под хаубата во обата случаи работи петлитарскиот V8 со 467 КС според САЕ, односно тукашни 477 КС. Њутнметрите одат на задната оска, преку осумстепен автоматик. Спринтот до сто трае 4,5 секунди.

Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило

Lexus LC 500h: Пристојна манифестација на безобразно

Што е толку необично во сината боја на Lexus LC?

Скандинавските возачи најзадоволни од автомобилите на Lexus

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729