за

Lexus најавува електричен старт преку концептот за Токио

lexus concept tokyo motor show 2019
lexus concept tokyo motor show 2019

Автомобилите со коишто Lexus дава увид во својата иднина обично користат водороден погон. Овојпат, луксузната марка на Toyota, на претстојниот салон во Токио ќе прикаже автомобил на батерија.

По хибридниот погон може да следи само погон на водород. Така јапонскиот гигант ја планираше иднината. Во меѓувреме, светскиот пазар за релативно кусо време се преориентираше на електричен погон, односно на батерии – водородниот погон исто така е електричен, со таа разлика што место батерија се користат резервоар за водород и горивна ќелија во којашто се случува хемиска реакција, а потоа следи и фактичкото движење на електроните, односно „тече“ струја.

Toyota му се придружува на светот што вози само на батерија, а тоа најмалку е технолошки предизвик за јапонската компанија, што има искуство во електрификацијата веројатно колку половина конкуренција заедно. Веќе се потпишани и неколку партнерства, работите напредуваат брзо.

Како најава за тоа што ќе почне да случува веќе в година, луксузната марка Lexus на салонот во Токио (од 23-ти октомври до 4-ти ноември) ќе прикаже студија на автомобил со погон на батерија.

Наспроти вообичаената еуфорија кај марките на кои струјата во погонот уште им е свежо искуство, Lexus во соопштението наведува единствено дека возилото „го отелотворува постојаниот напредок во технологијата, како што е електрификацијата и автономното возење.“ Како придружна порака во најавата, Lexus спомнува дека возилото ќе понуди и неколку нови идеи околу занимацијата за патниците, додека компјутер управува самостојно со возилото.

Играта со светлата навестува дека ова ќе биде уште една спектакуларна студија од Lexus

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

digitalen kluc za avtomobil telefon

Мобилниот телефон ќе го замени клучот за возилото

unimog amsterdam metro tandem

Тандем од Mercedes Unimog влече 200-тонски воз во Амстердам