за

Lexus ги повикува најталентираните дизајнери од цел свет

Lexus ги повикува најталентираните дизајнери од цел свет
Lexus ги повикува најталентираните дизајнери од цел свет

Почнува новиот круг на Lexus Design Award. Иако победникот на годинешниот конкурс, поради вонредните услови ќе се прогласи дури на 1-ви септември, луксузната марка на Toyota веќе го почнува новиот, деветти круг на овој единствен натпревар во светски рамки. Исто како и досега, Lexus ги бара најдобрите дизајнерски таленти и креативци од целиот свет.

Според основните начела на конкурсот, дизајнот може да го смени светот. Од таа причина, Lexus ги охрабрува креативците да ги претстават своите идеи и ги инспирира. Целта е преку овие свежи идеи да се подобри животот и да се даде придонес за подобра иднина. Креациите мора да ги обединуваат трите основни принципи на марката Lexus: Anticipate (антиципација), Innovate (иновација) и und Captivate (фасцинација).

Составот на жирито што ќе гласа за победникот за следната година ќе биде познато наесен. Исто како и досега, тоа ќе се состои од угледни дизајнери, академици и критичари. Меѓу членовите на жирито за тековниот натпревар се Паола Антонели, кураторка и директорка на МоМА (New Yorker Museum of Modern Art, потоа дизајнерскиот критичар и куратор Арик Чен и светски признаениот архитект Сер Дејвид Адџеј.

Од сите поднесени креации, ќе се изберат шест финалисти. Тие ќе имаат шанса своите идеи да ги реализираат во форма на прототип. На помош стојат ментори, кои се светски експерти во подрачјето на дизајнот. Победникот ќе се прогласи на голема свеченост што привлекува особено внимание на сцената.

Креациите може да се поднесуваат до 11-ти октомври. Lexus Design Award е отворен за возрасни дизајнерски таленти, студенти и ентузиајсти од цел свет. Во изминатите години пристигаа најразлични креации, вклучувајќи индустриски дизајн, архитектура, технологија, инженеринг, мода и внатрешна архитектура.

Повеќе информации за натпреварот може да се најдат на http://www.lexusdesignaward.com

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Porsche 911 Targa 992

Porsche за шест месеци испорачал 116.964 возила

Volkswagen најиновативен автомобилски концерн

Одликувани најиновативните автомобилски марки и системи