за

Lexus ќе го претстави конкурентот на BMW M5 во Детроит

Луксузната марка на Toyota ја подгрева атмосферата пред премиерата на новиот модел со знак F. Лутата верзија на GS ќе биде претставена во јануари во Детроит, вклучувајќи и фејслифт на моделот.

Од двата тизера што доцна попладнево ги објави Lexus би требало тешко да се распознава кој точно модел го најавуваат од луксузната марка на Toyota за салонот во Детроит. Но, прецизното автомобилско око на овие фотографии ги препознава цртите на моделот GS. Од Lexus само најавуваат дека на првиот салон во 2015 година ќе биде претставен нов модел со ознака F, резервирана за најлутите верзии на нивните модели. По сменетата форма на светлата може да се заклучи дека премиерата на спортскиот F ќе биде искористена за претставување и на фејслифтот на GS. Моделот од средната класа во постојната форма е присутен уште од 2012 година.

lexus gs f02Каков мотор ќе се најде под хаубата на GS F засега може само да се погодува. Ако тоа е петлитарскиот V8 од RC F, нема што да се забележи. Според шпекулациите, можно е моторот во GS F да има повеќе од 477 КС колку што има во купето на база на IS F. Автомобилот ќе се прикаже во полна форма на салонот во Детроит на 13-ти јануари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Евтината нафта ги урива акциите на Tesla Motors

Нови фотографии од тестирањето на Skoda Superb