за

Lexus со погон на водород за олимписките игри во Токио во 2020

10. LEXUS LS, продадени примероци 81 (-28.3%)

Toyota ќе ја искористи еуфоријата на Олимписките игри во 2020 година во Токио за претставување на цела серија модели посветени на манифестацијата, вклучувајќи модели со погон на водород.

Светскиот број еден Toyota е меѓу главните спонзори на Олимписките игри што ќе се одржат во Токио во 2020 година и својата инвестиција ќе ја искористи за свеста на јавноста за марката да ја подигне на уште повисоко ниво. Групацијата Toyota планира да претстави цела серија од модели посветени на Олимпијадата, вклучувајќи и голем број придружни настани.

Меѓу најзначајните премиери ќе биде верзијата со погон на водород од новата генерација на Lexus LS. Погонската спрега на луксузната лимузина ќе се потпира во најголемиот дел на технологијата што во моментов ја користи Toyota Mirai. Погон на водород ќе користи и верзија од Toyota Crown, која што не се нуди надвор од јапонскиот пазар. Водородната тројка ќе биде комплетирана со верзија од мултинаменската Estima, исто така позната само на домашниот пазар. Другите премиери на Игрите ќе бидат на фејслифтот на престижниот крстосувач Toyota Century, на новиот Prius, како и на неколку мултинаменски возила за домашниот пазар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW и Mini се враќаат со нов увозник во стариот објект

Lada Vesta Cross: Комби не смее да им недостига на Русите